Author Topic: 2x60W засилувач со LM4780  (Read 20265 times)

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: 2x60W засилувач со LM4780
« Reply #45 on 03.11.2015, Tuesday, 22:56:33 »
Благодарам што ми докажавте во што е проблемот, значи целата работа е тоа дека клипуваниот сигнал ќе го оптоварува колото... Значи ова паѓа во вода...  :(
А баш сакав нешто како Marshall Valvestate серијата...

batka, сватив на што мислиш, нема да го гњавам овај интегралец со такво нешто...

BorceBT, ако мислиш 35-40W од канал, значи вкупно 70-80W, зошто да не, ама незнам баш после коментарите на другите членови...  :-\

Otpor, пиши ми по ПП нешто спецификации, цена, ова-она, некое сликче прати па може ќе наминам деновиве... ;)

Unforgiven, моментално работам со гитарски предзасилувач со TL071, вграден во AIWA NSX-S22. Не е ич за на свирки...  ;D Вади 2x35W ама звукот е многу сув, ич не ме бендисува...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: 2x60W засилувач со LM4780
« Reply #46 on 04.11.2015, Wednesday, 00:05:08 (Edited 04.11.2015, Wednesday, 00:29:37) »
Еве една шема како да постигнеш tube sound  8) Врзи го после пп,а пред излезното појачало. :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: 2x60W засилувач со LM4780
« Reply #47 on 04.11.2015, Wednesday, 05:18:17 »
Unforgiven, моментално работам со гитарски предзасилувач со TL071, вграден во AIWA NSX-S22. Не е ич за на свирки...  ;D Вади 2x35W ама звукот е многу сув, ич не ме бендисува...

Епа нешто слично ќе добиеш и со овој засилувач. Ова е Hi-Fi засилувач, не е баш наменет за комбоа.

Ако ептен си се решил да правиш засилувач со IC, погледни шеми од Behringer, види што ставаат во нивните комбоа. Имам отворено едно комбо од Behringer, знам дека беше all-in-one комбинација (процесор со засилувач и звучници) и дека имаше засилувач со IC. Е сега, ако звукот од Behringer не ти се допаѓа (верувам дека и тој ти звучи „суво“, low/mid end комбоа, тоа е тоа, за таа цена, толку :S), најверојатно засилувачите со IC не се за тебе ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: 2x60W засилувач со LM4780
« Reply #48 on 04.11.2015, Wednesday, 08:57:09 »
Еве ,ке ти ставам еден  комплетен проект од нашиот член Дока. Добро  решение,проверено, со плочки комплет.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: 2x60W засилувач со LM4780
« Reply #49 on 04.11.2015, Wednesday, 13:46:48 »
GigaWatt, целата поента беше ламбата да го "обои" звукот а излезниот степен верно да го засили тој "обоен" сигнал.
И друго нешто, тој систем што го имам не само што звучи суво, туку и има негде 3-6% дисторзија, а и звучниците не се ништо посебно, така да, се на се многу грдо звучи.
Батка, добра шема, само незнам како да ги разликувам споените од неспоените проводници кога два проводници се сечат. ??? Незнам дали е до мојот компјутер ама нема точки никаде...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: 2x60W засилувач со LM4780
« Reply #50 on 04.11.2015, Wednesday, 14:14:42 »
Ако ти е само да го обоиш звукот направи си обичен бафер со ЕСС82, едноставен е, нема да те фати скапо, а ќе ја добиеш лампашката топлина на звукот.
Иначе LM3886 (а LM4780 се всушност два LM3886 во исто куќиште) има доста комплексна и ефикасна заштита од се и сешто (SPiKe) и релативно тешко е да ги убиеш, ако им обезбедиш добро ладење - тука подразбирам стварно добро ладење, големи ладилници, помали и од предната страна на чипот, можда вентилатор - може прилично да ги малтретираш, со тоа што звукот ќе биде тарабука додека работи заштитата...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: 2x60W засилувач со LM4780
« Reply #51 on 04.11.2015, Wednesday, 15:07:55 »
Од искуство: ниедно појачало,со интегриран излез не е добро ниту  кога е фабричко направено ,а богами ни рачно правено. За гитарата се бара топол,мек тон,кој интегралецот не може да го даде.Интегралците даваат површен,сув,плиток тон.И тука изобличувањето не е фактор,дури е и пожелно.начи,не очекувај од гитарско појачало хај-фај звучник! Затоа и звучните кутии за гитара имаат посебни, широкопојасни драјвери , што полинеарни и поефикасни ( над 90-95 дб).И звукот  на гитарското комбо појачало звучи појако,помоќно, попродорно, иако има иста јачина со некое појачало за домашно слушање музика.За водовите - се ти е дадено на монтажната плочка и спореди ја електричната шема со монтажната и се ќе биде јасно!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: 2x60W засилувач со LM4780
« Reply #52 on 04.11.2015, Wednesday, 18:01:45 »
Unforgiven, моментално работам со гитарски предзасилувач со TL071, вграден во AIWA NSX-S22. Не е ич за на свирки...  ;D Вади 2x35W ама звукот е многу сув, ич не ме бендисува...

Сега го прочитав ова, инаку, еве го системот на слика.



Општо, да знаеш дека домашните системи и Hi-Fi уреди не се баш добри за репродукција на гитара. Со процесор, можеби, ама сами по себе или со дисторзија (проста, не процесор)... не ги бива :S.

Гитарските предзасилувачи и засилувачи се малку приказна сама за себе, специфични се по градба и најчесто, не се изведуваат со интегрирани засилувачи. Кај нив не е потребен Hi-Fi звук, они треба малку да изобличуваат, таков треба да им биде дизајнот ;).

Види дали може да направиш некоја копија на некој Marshall, или евентуално да модифицираш некој нивни дизајн, па да му додадеш предзасилувач со цевка ;). Мислам дека ова ти е најдобра опција ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Unforgiven

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 72
Одг: 2x60W засилувач со LM4780
« Reply #53 on 04.11.2015, Wednesday, 22:17:20 »
киловолт а да си купиш готово појачало овака ти испага гавол и пол.

Quote
Од искуство: ниедно појачало,со интегриран излез не е добро ниту  кога е фабричко направено ,а богами ни рачно правено. За гитарата се бара топол,мек тон,кој интегралецот не може да го даде.Интегралците даваат површен,сув,плиток тон.И тука изобличувањето не е фактор,дури е и пожелно.начи,не очекувај од гитарско појачало хај-фај звучник! Затоа и звучните кутии за гитара имаат посебни, широкопојасни драјвери , што полинеарни и поефикасни ( над 90-95 дб).И звукот  на гитарското комбо појачало звучи појако,помоќно, попродорно, иако има иста јачина со некое појачало за домашно слушање музика.За водовите - се ти е дадено на монтажната плочка и спореди ја електричната шема со монтажната и се ќе биде јасн

во принцип ова што го велиш е deep shit, има многу добри појачала со интегралци, ем може да реплицираат звуци од лампаш ем да свират како транзистор. тонот пред се зависи и од свирачот не од појачалото. И да од гитарските звучници не се бара линеарност туку некое подрачје да биде посебно нагласено, затоа има посебни звучници за поп, рок, џез итн... разгледај некои кабинети од еминенс.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: 2x60W засилувач со LM4780
« Reply #54 on 04.11.2015, Wednesday, 22:59:10 »
Сите појачала и појачалца со интегрирани излези се * bull shits *.Ako Berindzerot или некое 10W појачалце со ТДА2030 го сметаш за репер,тогаш не знам зошто се бараат лампаши, или со фет-ови?? Добар гитарист бира на какво појачало ке свири !

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: 2x60W засилувач со LM4780
« Reply #55 on 05.11.2015, Thursday, 19:17:07 (Edited 05.11.2015, Thursday, 19:38:09) »
Де бре ќе настанеше расправија одма еј.Не ме свакајте лично ништо немам против никој член и  неговото знаење воопшто напротив.Моето мислење е дека батка е сосема во право значи не сум гледал многу гитарски појачала но тоа што беше објавено во емитер порано беше транзисторско во сервис еден кога купував делови некои од мајсторот тој поправеше две големи црни маршалови 100 ватни појачала и и доста тешки али маршал коска гром изработка со тапацир едното го направи и останав баш да видам муштеријата на лице место со гитара проба и му рече презадоволно на мајсторот.Газдата рече инаку одавна не сум правел вакви појачала неможев да те одбијам.И ја кажа истава приказна како батка.Друго многу пари  му барале за поправка на двата маршали на муштеријата едниот заборавив бил со мал квар и газдата му го среди брзо и како за пријател му зема ситно а другото муштеријата рече не е хитно и му го остави. Муштеријата рече супер што ми оспособивте едно појачало одма веќе размислував за заменско појачало да купел некое кинеско ја заборавив марката со интегралци.И мајсторот кога почна да се смее вика јас како млад свирев на гитара се возбуди буквално вели кај се видело бре гитарско појачало со интегралци се изнасмеа и истиве работи ги објасни почна да црта некои работи шеми графици и отиде до она звучниците буквално нелинеарноста и мене пошто останав да гогледам ми вели дисторзија имаш тука 10 посто на пример ми кажуваше како работи добар мајстор дете на старата народна техника. Ова беше пред четири години кога бев дури средно прва година мајсторот е постар и веќе не работи работеше со електроника поправаше телевизори со катодни цевки  но знаеше и некое појачалце да среди стар мајстор пензиониран си е сега дури не работи веќе.Тоа му беше хоби.Сега извинете со муабетов но онка ми текна а сега од тогаш поминаа четири добри години и неколку месеци и јас нешто повеќе знам малку ;D ;D ;D.Се шалам и во стручна литература истово сум го читал незнам стварно некое добро појачало за гитара со интегралец па јас за мојата проектна задача во четврта година спремав 2 по 30 вати појачало со интегралци.Другар исто 2 по 50 вати извади ми се чини со LM3886 едно по канал.И ова LM4780 сум го видел во многу добри појачала Hi-fi за по дома и јако е доста добро.Но ни јас не верувам дека ова ќе може да биде гитарско појачало.Киловолт што знам барај некоја шема за транзисторско имаше една добра шема за гитарско појачало со MJ моторолините транзистори но тие тешко се наоѓаат но има замени пратиш ли странски форуми имаше добри шеми сум гледал фалени слабо по форумиве сум активен некако.Што вика отпор транзистор си е транзистор за вакви работи.Се извинувам на сите ако бев вака опширен и можеби досаден но прераскажав една случка баш што се водела дебата за вакво нешто и мои мислења тоест не мои мислења не можат да се кажат работи што сум ги прочитал по книги и по списанија.Така велат стручњаци.Но сега имам видено дека на пазарот се појавуваат и појачала за гитара со интегралци некои кинески.Што вика батка зависи што земаш за репер што би се рекло како сваќаш ти и од кој референтен систем тргаш.
Quote
Сите појачала и појачалца со интегрирани излези се * bull shits *.Ako Berindzerot или некое 10W појачалце со ТДА2030 го сметаш за репер,тогаш не знам зошто се бараат лампаши, или со фет-ови?? Добар гитарист бира на какво појачало ке свири !
Мислам дека тоа е прашање на вкус некој може нема средства и користи вакви кинески појачала за гитара со интегралец.Бевме на пракса и во МТВ во четврта во студија тоест секој поозбилен музичар има јако појачало марка што се вика.Имам и еден другар свири на гитара за душа има некое на старо купено фендер појачалце транзисторско нормално.Не сум видел досега барем јас некој да свири на појачало со интегралец.И од вас сега првпат тука дознав дека има и гитарски појачала со интегралец и сурфав малку има стварно некои.Мое мислење да не досаѓам киловолт ако мислиш да правиш појачало а колку толку слушај ги постариве ќе вложуваш пари немој никако да се впушташ да правиш појачало со интегралци а не посебно со LM4780 никако слушај и други мислења според мене со овој интегралец нема да може да се направи гитарско појачало.А незнам тие појачала за гитара со интегралец кој интегралци стварно ги користат.Ако мислиш да вложуваш свои тешко заштедени пари немој никако со ова коло веруј размислија варијантата и на Отпор да купиш од него ако не оди само на транзистор што е проверено.Има сега и поедноставни шеми со транзистори на интернет е сега незнам за која јачина ти треба но транзисторите не се прескапи.А види ќе те кошта нормално да направиш сам гитарско појачало но тргни од тоа само колку кошта LM4780 и дали ти е исплатливо да се бавташ со овој интегралец па после идеме трафо ладилник кутија размисли убаво според мене гледај транзисторско нека не ти ни паѓа на памет да тргаш со овој интегралец за други незнам но никако со овој.И друго тука е и искуството првин тоа појачало што го направив за проектната послабото 2 по 30 вати имаше шум да не објаснуваме сега што е умасување каблите увртени ова она го средив.После направив едно појако за другарот 2 по 50 вати и со LM 3886 но пазев на све го изработивме филмски со јако трафо огромен хладњак умасено коска не мрдаше.После направив уште едно слично вакво.Зборот ми е битно е и искуството колку повеќе појачала правиш се си подобар. Ако ти е прво тебе друго е кој сака нека каже крупна риба се појачалата се си има свое но со читање и упорност со правење работење ќе биде полесно после.Јас само година дена проучував шеми како работат од појачала па како треба уредно да се постават каблите умасување ова она филтрација на брумот од напојување се комплет.Затоа внимавај како ги трошиш средствата но никако да не ти паѓа на памет со LM4780 да го правиш ова појачало никако да тргнеш  од тука
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: 2x60W засилувач со LM4780
« Reply #56 on 05.11.2015, Thursday, 20:32:13 »
Сега сум скроз збунет, сите ги критикувате операциските засилувачи во употреба како гитарски засилувачи, зарем Marshall толку се спиштија на ниво да продаваат засилувач со TDA2030?
И многу забегавме од темава, незнам дали е подобро да направам тема за употребата на ошерациските засилувачи во гитарски комбо засилувачи и некок да ги премести сите мислења таму, или некој од админите да направи таква тема и да ги премести мислењата таму?
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: 2x60W засилувач со LM4780
« Reply #57 on 05.11.2015, Thursday, 20:40:21 (Edited 05.11.2015, Thursday, 21:28:57) »
Незнам само колку ме свати тоа ти беше мое мислење за гитарските засилувачи врз она што сум читал по списанија и литература и сум го слушал од поискусни за излезниот степен кој не треба да е интегриран  а случката што ја раскажав всушност беше дебата меѓу гитарист и мајстор искусен кој што поправил во животот доста гитарски појачала во врска со излезниот степен. Јас додадов дека искуството е битно при градење на било какви засилувачи и кажав што сум правел и при какви проблеми сум наишол при правење, а јас сум направил хај фај засилувач со TDA2030 и LM3886 а не гитарски ме свати ли што сакав да ти кажам.Си изработил ли досега некој засилувач не е битно дали е гитарски дали моно стерео која гласа дали е за слушалки или звучници тоест не е битно колкава моќност има и си му ги испитал ли параметрите THD,влезни и излезни параметри,АФК кривата да ја нацрташ да видиш на кои фреквенции и до колку засилува во пати па во децибели да го израчунаш тоа да видиш дали внесува шум  да го ставиш во кутија убаво убаво да го ожичиш со добри кабли да му испиташ моќност со отпорник како лажен потрошувач оптоварување со голема моќност пуштајки сигнали со одредени фреквенции и амплитуди од функциски генератор за да ја одредиш моќноста точно RMS.Ќе учите тоа во трета година ако си електроника како да испиташ засилувач ако имате апаратура во школото незнам но друго дали си направил некој послаб засилувач и како работел тој тоа те прашав дали си направил барем еден засилувач досега и сакав да кажам дека се стекнува искуство.И ако не си направил не е страшно секој бил почетник да не се фаќаш одма со интегрален излезен степен пошто нели реков јас не сум видел ни еден гитарски засилувач за сега со интегрален излезен степен.И не почнувај со ова коло LM4780.И пошто велиш сакам за надвор од спална значи сакаш и поголема моќност значи ако е прв засилувач не се улетувај првин најди добра шема а не интегриран излезен степен проучи како работи направи добра плочка со проверена шема и добар дизајн па после проучи малку околу ставањето и ожичувањето во кутија.Ќе помине време ќе собереш повеќе средства ќе си заштедиш на пример некој денар повише.Па тогаш фрли се на градба на појак и подобар гитарски засилувач пошто викаш и tube sound сакаш не брзај ако не е хитно со други зборови.
Само тоа сакав да ти го кажам незнам колку ме разбра што сакав да кажам
Quote
зарем Marshall толку се спиштија на ниво да продаваат засилувач со TDA2030?
Незнам само каде прочита дека маршал прави со TDA2030 8) 8) 8)  8) 8) 8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: 2x60W засилувач со LM4780
« Reply #58 on 05.11.2015, Thursday, 21:45:26 »
Те сватив јас, и од засилувачи немам правено излезни степени, само предзасилувачи имам правено и имам правено минимално модифицирање на излезен степен.
Немам мерено ништо од тоа, просто не сум имал време, па и доволно добра причина да го правам тоа.

А за засилувачот на Marshall, види, имам атачмент во минатиот мој пост со шема на Marshall Valvestate 8010
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: 2x60W засилувач со LM4780
« Reply #59 on 05.11.2015, Thursday, 22:43:36 (Edited 05.11.2015, Thursday, 22:52:13) »
Значи,не пишувам ништо што не е проверено од моја страна,ниту па сакам некој да помисли дека свесно сакам да го нервирам кога ке го изнесам   своето мислење.На Форумов не пишувам поради тоа да се истакнам,да се направам попаметен од некого,туку некому да помогнам.И самиот сум свирел,сум имал  лампаши ,транзисторски и гитарски и други појачувачи(сеуште и имам),ама се знае што е класика  и што се бара.И сега на озвучувања гитаристот ( воглавном добри професионалци) ми бараат лампаш или марка транзисторско појачало за гитара,а никако некое со интегриран излез! Во последно време и познатите фирми прават интегрирани мали 10-15W комбо појачалца,кои се продаваат пред се поради тоа што се евтини,а се со *фирма*.Еве една шема од Фендер румбле 25 ,комплет интегрирано со ТДА1514 мислам дека беше,а Киловолт  може слободно да го ископира. :D :D. Правилото е: купи добар инструмент и појачало на почетокот ,кога почнуваш,ако сакаш да научиш да свириш !! Без добар инструмент нема да научиш добро да свириш.