Од искуство: ниедно појачало,со интегриран излез не е добро ниту кога е фабричко направено ,а богами ни рачно правено. За гитарата се бара топол,мек тон,кој интегралецот не може да го даде.Интегралците даваат површен,сув,плиток тон.И тука изобличувањето не е фактор,дури е и пожелно.начи,не очекувај од гитарско појачало хај-фај звучник! Затоа и звучните кутии за гитара имаат посебни, широкопојасни драјвери , што полинеарни и поефикасни ( над 90-95 дб).И звукот на гитарското комбо појачало звучи појако,помоќно, попродорно, иако има иста јачина со некое појачало за домашно слушање музика.За водовите - се ти е дадено на монтажната плочка и спореди ја електричната шема со монтажната и се ќе биде јасно!