LordZi, видов во даташит, со напојување ±35V и импенданса на звучникот од 8 Оми има THD од 0.03% дури и кога засилува фреквенција од 20kHz, што е одлично, во пракса, ако биде под 0,3-0,4%, јас сум задоволен.
Unforgiven, можам и поинаку, да им носам ист сигнал на двата влеза, а двата излеза да драјвуваат 2 50-60W звучници. А повеќе од 50W по канал нема шанси да ги терам...
Друго, сакав да го ставам NE5532 пред ламбата со бајпас прекинувач, ако сакам да и правам overdrive да го вклучам во колото и гејн можам до небо да го носам. А патем, практично колкав гејн можам од ламба да извадам? Ме интересира кој е супериорен во овој случај, ламбата или операцискиот засилувач?
Патем, ми треба за свирки ова, да ми беше за во спална да вежбам, не ми треба. И плус тоа, немам пари и за ламби неколку сега, ми треба за свирки засилувач, ама сакам и призвук на ламби да имам, за потивко кога ќе вежбам...