Ова е планирано да се користи за засилувач.Трафото е со напон 2 х 33 волти,8 ампера.Ке биде поврзано на секундарот..........
Шемата која ке се користи е постирана од izotop во оваа тема.
Мислев на шемата од делот за напојување од засилувачот.
Q1.) Дали напојувањето после исправувачот е симетрично +/- ~33Vdc или е единечно од ~66Vdc, или единечно од ~33Vdc?
- Изворот може да даде максимум 8А.
Q2.) Колкави по капацитет се кондензаторите кои треба да се наполнат? - за да им ја ограничиш струјата.
Q3.) Отприлика колкава е потрошувачката на засилувачот во празен од? - во [A] при напон од толку-и-толку волти според Q1.
Скратено/идеализирано, математиката би била,
I.) тој капацитет на кондензатори ќе се полни со максимална струја која зависи од напонот на изворот, внатрешната отпорност на изворот и отпорникот кој го поставуваш во серија. А во оваа состојба, ќе се наполни до напон, како напонски делител на трошењето на засилувачот во празен од и серија од внатрешната отпорност на изворот и отпорникот кој го поставуваш.
II.) По вклучлувањето на релето/контактот, се губи отпорникот. Но сега полнењето понатаму продолжува од напонот кој е достигнат од предходното полнење, но сега ќе зависи само од разликата на напоните помеѓу изворот и постигнатиот напон на кондензаторите и внатрешната отпорност на изворот.
Значи со штимање на времето и отпорноста, а во зависност на она што е споменато погоре, треба да се постигне и во I.) и во II.) да нема надминување на ударната/максималната струја од некоја зададена вредност.
P.S.
Јас се извинувам @ddd што пишувам вака детали, но можеби некој на форумот е заинтеретиран да помогне да пресмета, или можеби поконкретно да се внесе во работењето и потребата од склопот, па да сите корисници на форумот повеќе научиме. Извини уште еднаш.
Поздрав.