Author Topic: Nokia F-BUS Cable 2.2.0  (Read 1244 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Nokia F-BUS Cable 2.2.0
« Opened on 23.10.2012, Tuesday, 15:52:33 (Edited 23.10.2012, Tuesday, 15:54:05) »
Во ова програмче е запишан распоредот на пиновите (заедно со нивните ознаки) за flash-ување и вадење на податоци од Nokia мобилни телефони. Пиновите за контакт најчесто се наоѓаат под батеријата на мобилниот телефон. Програмот е наменет како дополнителна информација на работата што ја врши определен box, но самостоен е и не бара лиценци или dongle за да работи ;).


download link:

Code: [Select]
http://www.asuswebstorage.com/navigate/s/5106B8462A0D407CA8DB55EC3D68A500Y
mirror:

Code: [Select]
http://www.box.com/s/r1z7ty5kctly6hjv1rth
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Nokia F-BUS Cable 2.2.0
« Reply #1 on 23.10.2012, Tuesday, 20:11:42 »
Интересно програмче, ме интересира дали ако се зезне нешто со телефонот при флешување дали може да се префлешува и да се врати во нормала ? Што поточно од податоци може да се преснимат од телефонот во компјутер? Дали SMS пораки и телефонски именик или нешто друго?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Nokia F-BUS Cable 2.2.0
« Reply #2 on 23.10.2012, Tuesday, 22:53:53 (Edited 23.10.2012, Tuesday, 22:55:57) »
Во принцип, се може да се преснима со адекватен софтвер и хардвер. Дали телефонот може да се врати во првобитната состојба после bad flash, одговорот е најверојатно да, но не сум сигурен (немам огромни познавања од оваа тематика). Всушност, пробувам нешто да направам за мои лични потреби, па случајно налетав на програмчево и решив да го споделам. Околу преснимувањето на податоците, би требало да може се да се извади од него (барем она што е меморирано на телефонот, можно е да треба да се примнени некој друг метод за податоците што лежат на SIM картичката). Најверојатно ќе може и мелодиите и некои други податоци да се извадат од телефонот, но можно е да се спакувани заедно со firmware-от во некаков container, така да, вадењето би било потешко ако се работи рачно и без адекватен софтвер.

Како што реков, немам поправано (барем не софтверски ;D) телефони, од некои шетања по GSM форуми имам дознаено некои работи, но далеку од тоа дека сум експерт ;). Можно е за некои од овие работи и да грешам ;). А и она што го пишав погоре, пред се важи за simple моделите, не знам дали покомплицираните модели се разликуваат драстично во методите за flash-ување или вадење податоци или не.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."