Абе Маки цело време се вртиш во место.Ако ги читаш редовно и обраќаш внимание на целокупноста на постовите кои ти ги враќам ( а не да вадиш реченици и зборови од контекст) ке видиш дека јас не ги негирам, туку велам дека параметрите НЕ СЕ НАЈРЕЛЕВАНТНИТЕ фактори за изработка на звучни кутии.Точно за тоа се однесува и мојата статија.Впрочем и ти пред некое време истото го кажа - си му ги направил зв.кутии на другар ти затоа што такви ги сакал,иако си го убедувал дека не се баш најдобри.И дека имал само толку и толку пари ,па дури и не си ги ни исфарбал ( колку пари-толку музика!).Не ти помага ни Милошевиќ на Форумов, ако упорно се инатиш и се повторуваш.Уосталом прочитај го почетокот на темава- 220 ЕУ за кутиите.Јас не реков дека е тоа во ред( дури и 300 ЕУ им побарале!).Јас реков дека изработката,квалитетот и цената не го коментирам!! (од повеке причини).Тоа сите го искоментиравте,ама јас не го бранев мајсторот- столар.Впрочем,пазар си е пазар,јас само ги видов и пробав со 18 -ки кутиите. Ми се јавија дечките од Кавадарци и сакаат да ги земат 18-ките,бидејки им се допаднале и уште две сателит-кутии со дванаеска и хорна (од Биема).Тоа е бизнис батка и ништо друго.Затоа ,не се нервирај,ами дај направи нешто твое лично па да видиме и да дискутираме колку е добро,а колку е лошо. И повели во Велес на 9,10,11 ноември имаме ПИТИЈАДА,веднаш спроти моето скромно дуќанче.Да видиш што имам,со што работам и како се тоа звучи.Коментари после тоа.