Бидејки имаме една новост на Форумов,интересно е да направиме споредба за кои пари би направиле РА звучни кутии во домашни услови.Пред една недела мојот пријател Крсто имаше посетители од Кавадарци кои дословно дошле со нацрти да им изработи пар кутии со 18 инчни звучници.Проблемот беше ,откога се направија кутиите ( дрвенаријата) како ке се понашаат(звучат) кутииве во * живо*.Дечките немаа купено драјвери(басови),па Крсто ме замоли за проба да му однесам пар 18-ки и една излезна РА Биема машина 2 х 400W. За конструкцијата,квалитетот на изведбата на кутиите нема да кажам ништо,освен што ми беше прифатена идеата она вертикална плоча за појачување,позади звучникот да се појача со уште една,во сендвич, со што се подобри вкупната стабилност и одзив на кутијата.Ги имате на слика звучниците,димензиите- само за цената- материјалот за двете кутии чинел ( само иверка 2 см со сечење и работна рака за склопување на кутиите)- вкупно 220 ЕУ,со тоа што финишот ке си го сределе нарачателите ( ке биде добро да добијам фотографија и од *финалето*!).Значи, ако земеме дека еден Биема драјвер е 14.500 денари и свртницата уште 30 ЕУ по кутија ја добиваме цената од - 29.000 + 220ЕУ + 60ЕУ- или вкупно 46.220 денари.На ова цена би додал уште 50-тина евра за финиш - боење или лепење синтелон,ќошиња,рачки,мрежи,тркалца...Околу 50.000 денари! Е,прашањето е дали е цената реална,превисока,добра..!????Коментари??Не знам точно каде ке бидат монтирани кутиите ( некој нов клуб во Кавадарци,ама не знам друго ништо),ама со ова 2х400W излезно и добар миксер и друга додатна опрема,овој систем ке ви го тресе градниот кош на 5 метри од него со само 1/2 од својата јачина.