Е сега вака Gigawat мрежата е како на слика 2 значи магистралите одат од свич на свич и така некаде 100 свича не е звезда значи топологијата и не е од затворен тип значи едноставно разгранета е на неколку правци како што дава теренот.
Епа, тогаш, зависи колку switch-ови имаш врзано „во серија“ (еден, па друг, па трет, итн.). Ако се до кај 3 или максимум 4, ќе може (со прилично голем процент на ризик, бидејќи, ако се три switch-а во серија, струјата која ќе тече низ првиот Ethernet кабел ќе биде 1.5A, ако се 4, ќе биде 2A, таа струја ќе се намалува како што ќе доаѓа по ред еден switch па друг switch, ама првиот кабел ќе биде под голем „стрес“) да се примени ваков систем. Ако се повеќе од 4, искрено, не би ти препорачал ваков систем. Ќе имаш големи проблеми со прегревање на Ethernet каблите, особено на почетните делници.
Ако беше целата конигурација ѕвезда, проблемот ќе можеше да се реши, ама вака... јас не би ризикувал.
Можно е уште едно решение во твојава ситуација, но искрено, прилично ризично е, а можно е и да биде опасно по живот на корисниците на switch-овите. Имено, можно е да пратиш поголем напон преку Ethernet каблите (на пример, 80-тина V), при што јачината на струјата би се намалила драстично (на пример, ако си планирал да праќаш напон од 12V, во серија се 4 switch-а, струјата која би течела низ првата делница би била 2A, а моќноста 12V X 2A = 24W, притоа не ги сметам Џуловите загуби никаде, ова се само приближни пресметки, а во случајот со напон од 80V, струјата која би течела во првата делница би била 24W/80V = 0.3A, еве, ќе додадам уште 0.2A за Џуловите загуби, што се сведува на 0.5A и е во границите на она што би можел Ethernet кабел да издржи), со што би се намалила струјата која тече низ првата делница, но тоа значи дека ќе ти требаат додатни DC-DC конвертори на крајот од секоја делница (кога ќе стигне Ethernet кабелот до секоја од делниците) за да се намали напонот од 80V на (на пример) 12V за напојување на switch-овите, така да, не знам колку е финансиски исплатливо ова решение. Освен тоа, ова решение е прилично ризично, како за корисниците, така и за самата мрежа. Ако се случи (што сигурно некогаш ќе се случи
) некој од проводниците од Ethernet кабелот да се краткоспои, ќе пратиш напон од 80V до некоја од портите од switch-от, па можно е да изгори switch-от... или ако не повеќе, барем разделното Ethernet тансформаторче, така да, пак ќе си имаш проблем. Исто така, ако некој од корисниците допре некој од Ethernet конекторите, ќе добие струен удар :S... исто така непријатно. Така да, како сакаш заврти, ова решение исто така не е добро.
Тоа што го имаш post-ирано за кондензаторите (мислам на линкот). Да, тоа е точно, но е би ти препорачал да се водиш по максималните спецификации на влезниот напон на стабилизаторот (кој е 36V за овој стабилизатор). Зошто? Ова не се уреди за воена или медицнска употреба па да имаат толеранции на компонентите и дизајнот од +-50%. Овие уреди се за обични корисници (mass production), па и класите на квалитет на деловите се разликуваат. Најчесто, производителите за овие корисници штедат на квалитет, така да, и тие "max input voltage 36V" сметај дека не се повеќе од 34V (максимум), што значи дека не смееш во никој случај да си дозволиш поголем напон од 30V да има на влез switch-от. Да, напон од 30V би значело менување на влезните кондензатори за дополнително „пеглање“ на DC напонот (овие кондензатори се користат и како „резервно напојување“ од краткотрајни прекини на напојувањето, на пример, 0.5s нема напон, па пак има
) со напони со поголем работен напон, на пример, 50V
. Но, дури и членот на форумот од линкот спомнува дека на овој начин, може максимум 8 switch-а во серија да се напојуваат (иако, јас повеќе од 3 или 4 не би ставил, но ОК, секој си има своја логика и секој си работи на еден или друг начин
), а колку што разбрав, ти имаш повеќе од 8 switch-а врзано во серија (некаде прочитав мислам 20), така да, повтроно, барем според мене, ова решение не е адекватно.
Што се однесува до атмосверските празнења и горењето на switch-овите... мислам дека треба да си ја преструктуирате целата мрежа. Не мислам дека менување на процесори е „вистинско“ решение (освен тоа, најверојатно ќе имате и некои други изгорени компоненти, не само процесорите, најверојатно и EEPROM-ови, RAM мемориски модули - ако ги има), така да, јас би одел на целосна реконфигурација на мрежата. Освен поставување на подземни канали, треба да се преструктуира мрежата во ѕвезда конфигурација. Можно е да се направи некоја „делумна ѕвезда“ конфигурација (да има само по 2 или 3 switch-а врзано во серија, но не и повеќе од тоа), но ова би го препорачал ако теренот апсолуно не дозволува друга конфигурација или ако финансиските средства ми се апсолутно ограничени... исто како и во секој друг аспект од животот, и во оваа свера важи народната „колку пари, толку музика“.