Убаво ти има пишано batka, за звучници со пластични мембрани најдобро функципонира двокомпонентен лепак
. Купи го Bison Epoxy Universal, 24 Hour. Ти гарантирам, тоа чудо ништо не го одлепува
. Еднаш, по грешка залепив обратно нешто, потоа, со гравирка го „рендав“ лепакот за да може да го одлепам тоа што сум го залепил
. Друг начин немаше
.
Но, ако го ставиш овој 24 часовниот, запомни, откако ќе го ставиш, до наредниот ден, нема мрдање на мембраната... воопшто. Не ја ни допирај. Остави го така нека си седи, не чепкај
. Јас го оставам и по два дена така да седи
, за да сум сигурен дека е залепено како што треба
. Исто така, ако ставиш малку повеќе epoxy, не се чуди ако потоа најдеш капки по земјата (во зависност од тоа како ќе го поставиш звучникот при лепењето
), затоа, стави си нешто хартија, ова она, под него, да не направиш бербат
.