придушница има на секундарот?
Патем , ако сака некој друг да прави ваков вид на апарат, поедноставно е со трифазно трафо. Тогаш се елиминира потребата од кондензатори, или може да се стави кондензатор колку за заштита од електро магнетната индукција(може да здрма кога прекинувате со заварувањето, не е опасно, но може таа појава да се отстрани. ).
Колку да дообјаснам од она што знам, жицата се купува сосе котур комплет, ја има во поќето железарии, продавници за бои и лакови и продавници за алат (бургии плочки за брусилка шмиргли кај што продаваат).
CO2 апаратот е многу попогоден за заварување на танки парчиња метал, него апаратот за електролачно заварување.
Капацитетот на кондензаторот може да се редуцира со додаване на индуктивен елемент помеѓу грецот и кабелот на кој се поврзува жицата што се топи.