Јас реков дека ке работи и во 45 л.кутија,ама реков дека јас би додал +/- 25% волумен.За ова кутија која последна ја предложив никаде не пишав дека е 45 l!? Затоа да не мешаме баби и жаби,колегава нека си ја направи кутијава како што почна ,без додавки и придавки.
Проста математика: прв твој предлог: 45 литри +25%=56 литри. Втор твој предлог: 62 литри. И сеа шо??
И за двете кутии дужината на цефките што ги предлагаш се предугачки.
За твојот *туторијал* и ловење риби и жаби,веке знаеме ,сме ги чуле тие работи,ама само теоретски.Да покажеше барем некој твој изработен,пресметан или барем прилагоден нацрт - ке беше во ред! Вака,по она народната - не умри коњу до зелена трева! На колегава останува да си одлучи дали ке ја прави или не.
Не морам да покажам проект за да докажам дека туторијалот ми е добар,али пошто си запнал,ево:
Ова ми е првиот направен пар звучници,има 5 години,другар ми уште ги користи за компјутерот.Басчињата се 10cm Simsonik SW410 ,твитерчињата прво беа Simsonik DT 5310 A али ептен крчеа од изобличење па ставив Biеma BMH-1301.Волумен на кутија унутра е 7 литри,бас рефлекс цефка фи=45мм пластична за канализација со дужина 11cm.Скретницата ја правев со електрични мерења на импеданцата и на басот и на твитерот у околина на резната фрекфенција 5500Hz,за басот филтер 12dB на октава: калем 0,56mH и кондензатор 4,7 микрофаради,за високотонецот филтер 12dB на октава: кондензатор 2,2 микрофаради сериски со отпорник 3,9 Ома и после калем 0,18mH, твитерот у фаза со басот.
Целата оваја звучна кутија е мое дело,не сум прекопирал како што прават сите,све сам сум измерил и прорачунал.
Само да напоменам оваква (слична ) конструкција имаше Сашо Ицковски дадено во еден број на Емитер ,ама напоменувам дека потекнува од истиот извор од каде и јас ја пронајдов,а тоа се апликациите на фирмата FANE.
Не можам да најдам,кој месец и година е тој Емитер?
Споено мислење: [time]03 Септември 2012, 16:49:07[/time]
Маки, високиот е обичен твитер! Не е проблем тоа... Ќе се среди најмал проблем е тоа
Тешко дека ќе го средиш тоа,проблемот со твитерот ќе ти остане,осим ако со скретницата ептен не ги угушиш средните од басот.