Познати ми се овие „универзални“ свртници. Според мене, не се добри, работниот напон на кондензаторите им е 100V, што според мене е малку (јас би ставил барем 200V работен напон). Второ, поставеноста на калемите... се знае како се поставуваат калеми во една свртница (оските на сите калеми да бидат под прав агол едни во однос на други, а не вака, паралелни едни на други). Трето, преклопните фреквенции им се избрани „универзално“ (како што е кај повеќето звучници, се зема некоја статистичка средина и преклопните фреквенции се поствуваат врз база на неа, што не е во ред, сепак, секоја комбинација на два звучника е единствена и не е можно да се направи „универзална свртница“). Има и други недостатоци, но ајде, да не навлегуваме до толку во детали
.
Имаш доста програми online за изработка на ствртници, а верувам и дека некои од членовите на форумов би се нафатиле да ти дизајнираат свтрница за тие звучници. Искрено, јас никогаш не сум дизајнирал, така да, немам искуство во тоа поле, па можно е да згрешам. Но има поискусни членови на форумот, имаат дизајнирано свтрници, може ако сакаат да помогнат
. Ако CupeX воопшто сака, ако не, не мора
, со среќа нека си ја користи оваа
.