Околу моќноста на отпорниците... па зависи каде се поставени. На пример R3 и R2 може да бидат и 0.25W (евентуално 0.5W), но R1... дел од филтерска секција е, така да, и неговата моќност не би требало да биде преголема, но не го поддимензионирај... мислам дека со моќност од 1W не би требало да имаш проблем
. Ако гледаш дека грее, зголеми му ја моќноста
.
Потенциометарот задолжително да биде пластичен, а не метален
.
Што се однесува до кондензаторите, гледај сите да имаат голем работен напон (400V би требало да биде доволно, но ако имаш и со поголем работен напон, не е на одмет, стави и такви
). Исто така, задолжително да се пластични, а не електролитски
.