Како и во претходните постови, сакав да покажам дека:
{simulation} < {theory/model} < {real/practical}
каде што симболот "<" ми означува вистинско подмножество, помало (без еднакво), и сл.
Уште во самата дефиниција на значењето на зборот симулација, е објаснето сето ова....
<simulation, system> Attempting to predict aspects of the
behaviour of some system by creating an approximate
(mathematical) model of it.
Си заборавил како ја започна оваа ствар - ти го прогласи математичкиот апарат за најпроблематичен! Да те потсетам:
1.)
Софтверите кои симулираат електронски шеми, ги симулираат нумерички. При самата симулација (во компјутерите) има заокружување на одредени децимали (битова/бинарна презентација на реални броеви), бидејќи и регистрите и мемориите се ограничени. Понатаму ве молам прочитајте за "теорија на хаосот" како влијае ова! Значи некои нелинеарни појави не се ниту математички предвидливи, а камоли со квантна машина (дигитален компјутер) да можеш идеално да го симулираш!?
2.)
Инженерите кога проектираат, можеби треба и нешто емпириски да изразат/пресметаат (на крај да има формула која ќе важи за било кои броеви кои ќе ги заминеш во параметрите и променливите). Електрониката е многу нелинеарна наука, и скоро повеќето работи неможе да се изразат емпириски со формула; односно се добиваат систем равенки со непознати за кои неможе емпириски да им се најде решението.
Ова ти се првите и најважните точки,а тек после ја спомнуваш недоволната прецизност на досега познатите математичко-физички модели.
Јас у претходните постови ти докажав дејка математиката уопште не е проблем,не се проблем нити децималите нити неможноста да се изрази формулата у аналитичка, затворена форма.
Остануваат како проблем непрецизните математичко-физички модели,али за голем дел од бајаги сложени реални електронски кола симулацијата дава супер резултати.У ствари,често се случува варијациите у карактеристиките на елементите (поради производството) да унесуваат поголема грешка него самата симулација.
Здраво Маки,
Пак имам впечаток дека несакаш да ме сватиш или прифатиш што сакам да кажам....
f1.)
Те молам прочитај го понатаму (целата текст страна) линкот за дефиниција што означува "симулација", има прилично објаснување.
ќе цитирам само еден многу мал дел:
Simulation is the imitation of the operation of a real-world process or system over time. The act of simulating something first requires that a model be developed; this model represents the key characteristics or behaviors of the selected physical or abstract system or process. The model represents the system itself, whereas the simulation represents the operation of the system over time.
f2.)
Тоа што сум го напишал во минатото, и последното (двете што ги приложуваш сега/погоре), се скоро иста работа, кажана на два начини, незнам зошто не ме разбираш.
Јас никогаш не го употребив симболот "<<" (што означува: многу помало, многу нееднакво), туку само нагласив дека никогаш не се еднакви. Ево да кажам со повеќе зборови (наместо со симболи), дека тие се блиску едно со друго но никогаш еднакви.
Значи за блискоста се согласуваме двајцата. Но за еднаквоста не се согласуваме. Јас тврдам дека за сложени системи никогаш не се еднакви, а ти викаш дека за секои системи се еднакви.
Ова
{simulation/numerical} < {theory/model} < {real/practical}
го тврдам, бидејќи од реалноста се прави модел (закони на физика, закони на хемија, други природни закони, ...); а потоа со тој модел се прави симулација, т.е. нумерички пресметки.
Тоа никогаш нема да биде идеално еднакво на реалното, пред се поради еден куп претпоставки и занемарувања, идеални услови, линеаризирање и т.н. дури и во самите закони а потоа и во симулациите.
f3.)
Околу науките и непрецизноста/несовршеноста:
Математиката не ја сметам за проблем. Таа си е наука за себе, и докажана во себе. Нумериката (бројчаните пресметки) се еден од проблемите.
Во моделирањето и симулациите се користи математиката како помошна алатка, како апарат. Важен е моделот, не е важна само математиката (математичкиот апарат). Ако имаш погрешен модел а точна математика, на крај све е неточно.
Недоволната прецизност е последица (пак ќе разликувам симулациска/нумеричка и моделирачка/теоретска).
Нумеричката/симулирачката непрецизност е последица на денешните "компјутери" (како нумерички математички апарат) и друго, без разлика колку тоа општо задоволува, сепак постојат ситуации кога не задоволува ма колку доволно прецизно нешто да пресметаме нумерички; од тука доаѓа нееднаквоста.
Моделирачка/теоретска непрецизност е последица на тоа што ние само го моделираме реалниот свет, не знаеме све 100%, не сме Господ; законите често се само просечни вредности, статистики, и т.н; дефинирани формули/закони во макроскопскиот свет, а во микроскопскиот свет е "квантна" механика, статистика на молекули, и сл.....што не е еднакво.
На крај би го оставил математичкиот апарат, кој неможе све да докаже, во кој постојат сеуште тврдења/претпоставки кои се навидум точни, но не се сеуште докажани (не се сигурни дека во сите случаеви ќе важат).
http://en.wikipedia.org/wiki/Conjecture
f4.)
На крај, би те замолил, напиши, дефинирај,
што уствари тврдиш ти?
Напиши/дефинирај ТВОЕ општо ТВРДЕЊЕ за главната тема (без да навлегуваш во ситници, примери, прашања).
Цело време се допишуваме и цело време негираш одредени точки, мисли, и т.н. но немаш изјавено конкретно, прецизно, експлицитно, општо/генерално на темата, што тврдиш ти.
Можеби случно тврдиме, па да дискутираме за нијансите. Можеби сосема обаратно нешто тврдиме, па тогаш да не зборуваме за ситници, туку да пишуваме покрупно.
Благодарам однапред.
P.S.
За текстот на страните 201-212 ќе го прочитам детално, и ќе пишам.
Поздрав,
mkfe.