Здраво Мaки,
Софтверите за симулација, не се идеално еднакви/еквивалентни на реалноста! Прифати го ова.
Тие се разликуваат во: (1) моделираните елементи кои ги симулираат во однос на реалните елементи; (2) параметрите во моделите на елементи кои се симулираат; (3) потешкотии со математичките алгоритми/пресметките при симулација.
===
(разлика 3:)
- "If we only have tolerances on voltages, non-linear elements may cause problems with
branch currents... The ABSTOL parameter was introduced in SPICE version 2 to overcome this problem.", значи претходните верзии неможеле да се снајдат сеопшто;
- има проблем со конвергенција на решение;
- мој личен пример ми е (во минатото) што PSPICE незнаше правилно да го симулира Hartley oscillator, неможеше да му започнат осцилациите, како што реално започнуваат;
- PSPICE има потешкотии со симулација на реален извор на напојување при вклучување(на реалниот извор постепено му пораснува напонот при вклучување, но PSPICE незнае тоа);
- и.т.н., да не набројувам.
(видете attach pdf-и)
Значи при симулациите, има проблеми, не дека нема. Додека пак, реалноста си "работи" без проблеми, без симулација.
Само ова покажува дека симулацијата е ПОДМНОЖЕСТВО од реалноста, но ево, да одиме понатаму,
===
(разлика 2:)
Ево сакам да симулирам: (2а) осцилатор; (2b) засилувач во Class_A. Користиме некој конкретен транзистор, за кој имаме tipical hFE=100 (по datasheet, и во PSPICE-от).
Ги пуштаме во симулација шемите, и двете супер работаат, и осцилаторот, и засилувачот.
Ги правиме реално. (2a) Осцилаторот не работи, не осцилира. (2b) А засилувачот во Class A прегорува транзисторот, прегрева.
Зошто?
(2a) Мене ми се има случено реално, со транзистор со типична hFE=100, осцилатор да не работи. По сите испитувања транзисторот беше исправен..... на крај при мерење на hFE, установив вредност hFE=3 (и мене не ми се веруваше). Сепак тоа е исправен транзистор, но има hFE испод пропишаниот min во datasheet-от. Значи со толку мало засилување, осцилаторот несакаше да проработи. Транзистор нов, од продавница, веројатно фалш серија.
(2b) Што ако ние подесиме bias струја на Class_A според околните елементи, за транзистор со hFE=100 (според симулацијата), но оној транзистор кој сме го купиле има hFE=150? Ќе тече поголема bias струја, и транзисторот ќе грее, и на крај ќе прегори.
Ова е таа разлика што сака да ти ја посочи GigaWatt.
Го знаеш вицот "Исто е ама не е исто...".
===
(разлика 1:)
Она што се симулира во симулациите, се модели на реални елемент од реалноста. Значи се симулираат МОДЕЛИ на елементите. Ако е погрешен моделот на елементот (не соодветно/прецизно претставен модел на реалниот елемент), целата симулација/резултатите ќе се точни за моделот (моделот/симулацијата самиот за себе), но грешни (не-еднакви) со реалноста.
Внатрешно, како под-склоп, секој реален елемент е претставен со "шема" со идеални елементи.
Пример, реален операционен засилувач, како модел кога ќе се нацрта со оние апроксимации кои ги знаеме, му се додаваат паралелно на влез отпорности со високи вредности, а на излез во серија мала отпорност. Тоа е модел на не-идеален операционен засилувач со идеален операционен засилувач и други идеални елементи.
Јас претходно ти дадов наједноставен пример за претсавување/моделирање на реален отпорник, кој порано изгледал како што опишав и се сметал за точен, а сега има полемика и се бара друг модел; бидејќи сега веќе има реално инструменти за мерење при високи фреквенции, и увиделе дека реалниот отпорник не-соодветсвува на претходно утврдениот/прифатениот модел на отпорник при високи фреквенции. Значи земале отпорник и мереле, и пуштиле симулација, и споредиле, и гледаат ваму една симулација излегува а мериме друга.
P.S.
Колку што моделот би бил блиску до реалниот елемент (попрецизен), толку симулацијата би била пореална/поточна. Но моделот е секогаш подмножество (содржи само она што е перцепирано од човештвото во тој период на развитокот) од реалниот елемент.
Поздрав,
mkfe.
Споено мислење: 23.08.2012, Thursday, 00:20:52
Овај ефект дополнително на потршувачите се демонстрира како брум. Без разлика колкав кондензатор C ќе поставиш на излез за филтрирање (без дополнителна електроника) сепак се јавува некој брум. Незнам дали си видел шеми, каде паралелно на диодите се поврзуваат блок кондензатори од околу 6-10nF, точно за сузбивање на овие хармоници. Ова ми е пробано во пракса, и вистина имаат ефект овие блок кондензатори. Но како така? Ако ставиме паралелно на диодите кондензатори, тие ќе ја пропуштаат наизменичната компинента, и би требало да има поголем а не помал брум!? Оваа шема ја знаат сите радио аматери.... практично проверена работа.
Практично проверена работа што одавно теоретски е обработена.Прочитај у книгите.
Здраво Маки,
Гледам многу се расфрлаш со книгите... зар мислиш ние не читаме книги?
Кажуваш дека оваа финтата со блок кондензаторите кои се поставуваат парaлелно на диодите од грецовиот спој се обработени во некоја книга?
Јас имам прилично книги прочитано за електроника, и баш теоретска анализа за таа финта со 4 блок кондензатори паралелно на 4 диоди немам срернато.
Те молам, само да не е некое списание (магазин), или нешто од радио аматери, туку да е книга од автор кој е електро инженер, издадена од реномирана издавачка куќа, те молам посочи ми ја таа книга.
Значи во таа книга очекувам теоретско објаснување, со формули, со математика, што се случува со секундарот на трафото, четирите кондензатори, и четирите диоди; и на крај да има заклучок дека со блок кондензаторите многу ефикасно се смалува брумот во исправувачот.
Ево на форумот, пиши ни име на книга, издание, автор, на која страна е објаснувањето.
Би ти бил многу благодарен.
Поздрав,
mkfe.
Споено мислење: 23.08.2012, Thursday, 00:30:47
Здраво Маки,
Јас не сум правник, но многу ми е смешна споредбата што ја даваш на употребениот конектор со McDonald's.
Јас колку што знаам:
- конекторот не го имаат произведено GigaWatt или batka;
- конекторот не се продавал, не бил купен од некого, па да може да биде зае*ан купувачот.
Извини, ама не ми е соодветен примерот.....
P.S.
Ако мене колата ми е паркирана на паркинг, и некој минувач ми чепка во шофершајбната, ја пукне, и се исече од неа. Сакаш да кажеш дека ќе ме даде на суд, бидејќи се исекол од шофершајбната од мојата паркирана кола а тој тука минувал и сакал да чепка..... no comment!
Поздрав,
mkfe.