Само кратко ќе се надоврзам на тоа што го има спомнато mkfe околу трафото, односно дали ќе прегори или не
. Приказнава е малку смешна, ама нема везе, ќе ја раскажам
.
Имав дома еден фрижидер на кој му беше неисправен термостатот. Тој фрижидер работеше буквално (не карикирам, сериозен сум) цело време, значи моторот не престануваше да работи. Само, еднаш или два пати во година, нешто термостатот ќе се „швркнеше“ и ќе го изгасеше моторот (сеуште не ми е јасно зошто, но така си престануваше
). И така не работеше едно два или три дена, и секоја година го прогласувавме за „мртов“ и оп, па ќе фатеше да си работи
. Моторот работеше цело време бидејќи не можеше да ја постигне температурата која термостатот ја бара за да може да го исклучи моторот (всушност, требаше на почетокот да појаснам, термостатот не беше расипан, но бидејќи клонтактите цело време му беа „слепени“ за да го држи моторот пуштен цело време, по некое време, изгледа малку „зашмелцувале“ и не сакаа да одлепат, или еднаш годишно ќе се одлепеа и не им текнуваше два или три дена да се слепат
... абе комедии беше тој фрижидер
), а не можеше да ја постигне температурата на прекинување на контактите бидејќи претходниот мотор изгоре, а овој кој беше ставен за негова замена, имал помала моќност (некој Искрин изгледа беше
, Југословенска направија
), ама па не можеле во тој период други да се најдат, и таков ставиле
.
Еднаш, пред околу 5 или 6 години, како што си знаеше да си направи
, му дојде тој период од годината и изгаси, сосема
... и ние... си знаеме, чекаме ден, два, три, ако не се пушти, мртов е, и тоа е тоа
. Поминуваат два дена, три дена, четири дена, пет, недела дена... нема абер, не се пушта
. Си викам, ај да го ѕирнам, ќе го приклучам директно на мрежен напон, без термостат, ако запали, ОК, ако не, тоа е тоа, купуваме нов фрижидер
. Го прилучив директно на мрежен напон... не пали... си викам, ништо, овој отиден е, ајде, и онака слабо ладеше (навистина, бидејќи не можеше да постигне температура, зимно време надвор чувавме производи
, поладно беше надвор отколку во фрижидерот
, млеко... повеќе од еден ден не издржуваше во него
), редно е да купиме нов
. И купивме нов
. И го приклучувам новиот... и новиот не работи
. Аиииии, си викам, што може да биде работава
. И тогаш ми светна
, купив нов фрижидер, а изгорен ми бил осигурувачот за фрижидерот
(становите во кој живеам се така градени, за секој поголем потрошувач има посебен осигурувач, не знам дали е ова некоја пракса, иако, од тоа што имам видено во некои други куќи и станови, изгледа не е, или барем не билана времето, ама тука, така е поставена инсталацијата
). Ништо, го закрпив стариот осигурувач, и новиот фрижидер проработе
. Си викам, 100% и стариов ќе работи
, ај да го пробам. Го врзав директно, без термостат, оп, си запали
. Во тој момент, имавме два фрижидери, а на тетка ми и „цркна“ фризот, па не замоли да и го дадеме стаариот, да ја користи комората за замрзнување од него (комората добро му рбаотеше, си замрзнуваше
, малку поспоро, ама замрзнуваше
)... и на крајот, кај неа заврши стариот фрижидер
. И сеуште е кај неа
.
Верувал или не Maki, приказнава ја имам кажано на двајца сервисери за бела техника. Ни на едниот, ни на другиот не му се веруваше дека мотрот работел нон-стоп, само еднаш годишно дека се гасел, а уште помалку им се веруваше дека последниве 5 или 6 години буквално работи цело време, само кога ќе снема струја не работи
. Инаку, моторот кога работи е невеојатно жежок... буквално, не можеш да го допреш
. Секој од нив тврдеше дека за некоја година, ќе откаже... еве, поминаа две или три години од тогаш... здрав и жив е, тетка ми си го користи како „мала комора“
. И мене не ми се верува дека работи, и не ми е јасно како работи, но ене го, работи
, иако сите предвидуваа дека „ќе рикне кај и да е“
. Тој преку 30 години работи така... не гледам причина сега да откаже
.
Е ај, те молам, објасни ми го ова со равенки
. Според секоја теоретска пресметка, моторот треба да изгори бидејќи е преоптеретен, работи цело време, не се наменети тие мотори да работат цело време. Но, ене го
, не пушта душа
. Од што е направен не знам, ама не верувам дека е некој балгороден метал или некој материјал кој има точка на топење од 3000 или 4000 степени, па толку голема жештина да не му пречи
. Најобичен мотор за фрижидер е, во тој период, тие ги имало да се купат, таков му е ставен
. Секоја симулација ќе каже дека тој мотор ќе откаже за месец, два, три, колку и да е. Ама, ене го, да чукнам во дрво, уште работи
. Како што реков, не знам како, ама работи
.