Шемата не верувам дека е нешто посебно, претпоставувам дека е обично напојување што дава низок напон и поголема струја, а за течноста (киселина?) не знам, треба да каже некој поупатен. Или можеш да се јавиш по фирми што работат со инокс, на пр. во ZAVAR и таму да прашаш дали имаат таква течност.
Иначе со појако DC напојување и некаков електролит може да се прават многу интересни работи, на пр. многу луѓе не знаат дека со компјутерско напојување, солена вода и памучни стапчиња (за чистење уши) може да се гравира и да се шара по железо, челик и сл.