Здраво Maki,
Некој кој не ја чита континуирано оваа тема, и ги прочита твоите постови, ќе му личи дека Маки е во право, бидејќи ти веќе по трети пат ми вадиш мој пост надвор од контекст кој што го кажувам. Нешто слично на GigaWatt, јас би рекол како намерно да несакаш да ме сватиш што сакам да кажам, и ќе почнеш да дискутираш на сосема поинаку нешто сватено.
Значи, тоа мое пишување систем нелинеарни равенки, беше реплика на твој пост, односно дека ти напиша дека ништо не ме разбираш, јас земав да ти објаснам, добронамерно, за да се разбериме. (види подолу)
Инаку, како и сите, имаме обврски и немаме вишок време во животот, па за бадијала сега јас сум седнал и пишувам равенки....
Претходно имав напишано "... систем равенки со непознати ...". Ево сега да бидам попрецизен, при анализа на електронски систем неговата најдобра емпириска/математичка претстава би била "систем нелинеарни равенки со повеќе непознати променливи". Ова е последната состојба после сите математички транформации, каде може емпириски со формули да се опише системот. Понатаму, ако ни треба емпириска формула од само една променлива, односно тој систем да се реши по една непозната, неможе да се напише емпириски една равенка. Да беше систем од линеарни равенки, тоа ќе беше можно.
За црвеното: ништо не те разбирам.
Но, очигледно, дека ни тогаш ништо не си ме разбрал; и/или намерно си напишал дека не
ме разбираш.
Решавајќи го моето прашање со целобрановиот исправувач, исто како што кажав во цитатот, дојде до повеќе равенки, и тука застана. Неможе понатаму повеќе математички со трансформации да се решава тој проблем, да се дојде до помал број равенки, и никако пак до една равенка.
Јас никогаш немам кажано, ниту тебе оспорувано, дека системот не би можел да се реши нумерички! А ти пишуваш некој твој голем пост,
Не знам дали да се смеам или да плачам!!
Па ти све си помешал од математиката што (не) си ја учел!!
Од ова нема потреба што си го напишал.
Јас само во претходен пост, заради објаснување, споредував систем кој може да се реши: (1) до една равенка, и таа да биде во емпириски/аналитичка/затворана форма; со систем да се реши (2) нумерички. Како што имам кажано и претходно, ако беше секогаш возможно (1), тогаш математички све ќе се "претресеше" за уредот/системот/склопот/проктот/планот. Но бидејќи (1) не е секогаш можно, преостанува (2), кој има слабости: и временски, и дискретни, и други.
Ти си тој кој тврдиш дека ако можеш/имаш (2), тогаш е исто како да имаш/можеш и (1). Со нумеричка анализа све ќе направиш....
Уште повеќе, ти си тој кој тврдиш дека со софтверска симулација (која е дискретна нумеричка симулација во повеќе точки), ги добиваш сите променливи идентично-идеално исти со вистинскиот физички реален направен уред.
Јас тврдам дека симулираните резултати, колку што моделот е поголем, покомплициран, по нелинеарен, толку се повеќе НЕМА да се идентично-идеално исти со вистинскиот физичкиот реален направен уред.
====
Во врска со твоето решавање на целобрановиот исправувач. Те молам прочитај подолу што се бара? Те молам прочитај што тврдам?
... една проста шема од целобранов исправувач. ... каков е обликот на напонот на излез...
Јас тврдам дека неможе да се напише една формула во аналитичка/емпириска/затворена форма која ќе го опишува излезниот напон Udc2(t), само во функција од влезниот напон Uac1(t) и сите параметри на елементите во шемата. Односно дека неможе да се напише една формула во облик:
Udc2(t) = g{Uac1(t), R, C, ..., t}
Значи не се бара множество на равенки до кои дојде ти! Се бара една крајна равенка.
Значи не се бара нумеричко решавање на исправувачот кон што се посегна ти! Значи доби пак систем од повеќе равенки (во кои има и нелинеарни равенки).
Плус, веднаш си почнал да занемаруваш и поедноставуваш!!! Јас никаде немам напишано каков е влезниот напон, и плус која му е неговата вредност. Јас само имам напишано Uac1(t). Немам напишано ниту (ко)синусоиден, ниту 220VAC.
Инаку, логиката на решавање ти е точна само за синусиоден напон, и нумерички ќе имаш точен резултат. Ама тоа не се бараше во условот на задачата.
Значи, оној што ќе напише "една формула во аналитичка/емпириска/затворена форма која ќе го опишува излезниот напон Udc2(t) ...." ќе го добие частењето.
Поздрав,
mkfe.
Споено мислење: 19.08.2012, Sunday, 02:11:57
Мислам дека започнавте со директна конфронтација - важи за Маки и мкфе. Ве молам спуштете го нивото и дискутирајте на темата.
Здраво на сите,
Иако можеби личи дека не е поврзано со теорија и пракса, сакам да укажам дека баш се работи за тоа, и тоа се зборува/дискутира паралелно за две споредби:
S1.) Споредба помеѓу:
- теоријата, теоријата заснована на законитости и формули, теорија на закони во електрониката и физиката, теории на однесување на елементи во електрониката, теоретска замисла/репрезентација на уред/склоп, со сите негови величини/променливи (од една страна); и
- реалниот уред/склоп, физичкиот уред/склоп, со сите негови величини/променливи (од друга страна).
S2.) Споредба помеѓу:
- софтверска симулација на уред/склоп, нумеричко решавање на математички модел на уред/склоп, нумеричко решавање на електронски елементи, и т.н., со сите негови величини/променливи (од една страна); и
- реалниот уред/склоп, физичкиот уред/склоп, со сите негови величини/променливи (од друга страна).
Реалниот уред/склоп, физичкиот уред/склоп, има директен контакт, практичен контакт со "практичарот".
Од десега водените дискусии,
- Маки тврди дека споредбите S1 и S2 претставуваат "еквиваленција"; односно теоријата/симулацијата се идеално еднавки на реалниот/физичкиот уред/склоп;
- mkfe тврди дека споредбите S1 и S2 претставуваат "помало"; односно теоријата/симулацијата не можат идеално да го еквивалентираат/претстават реалниот/физичкиот уред/склоп.
Бидејќи паралелно има дискусии за двете споредби, затоа можеби е покомплицирано да се следиме.
Единствено што можеби не се однесува дискусијата директно за "сервисерка работа" како што ние ја познаваме, но сепак може да важи за пософистицирани сервисирања (кое што можеби потрошено време би можело финансиски да се исплати), или за аматерско и полуаматерско проектрирање.
Поздрав,
mkfe.
Споено мислење: 19.08.2012, Sunday, 02:31:34
Здраво Маки,
Да го надополнам GigaWatt,
Зошто аудиофилите го признаваат за најдобар/најверен аудио запис, аудио записот на грамофонска плоча?
Никакво CD.
===
Во врска со поврзувањето на 200W потрошувач, на тој целобрановиот исправувач каде трафото е 100VA, те молам симулирај го на твојот софтвер за симулација, и кажи ни каков облик има излезниот напон.
Ево за поедноставување, трафото е N1:N2=1:1, на влез/примар имаш 220VAC, значи исто и на секундар, грецот е со диоди 1N4007, нека го нема тој кондензаторот, и ти поврзуваш сјалица од 220V/200W.
Те молам оваа проста шема (еден трафо, грец, сјалица) изсимулирај ја (ама немој и реално да пробуваш), и кажи ни го графикот на напонот на сјалицата од последните секунди после виртуелно време од 5 часови.
Пошто симулаторот е на компјутер, можеш лесно prinst-screen, и како слика да ни ја постуваш тука.
Поздрав,
mkfe.