А пак инженерите во македонија ретко проектираат нови продукти (секоја чест на исклучоците), бидејќи сите работни места на инженери се состојат (функционираат) во купување готов производ од странство, и наш инженер да го инсталира/поврзе/управува (сметам дека инженерите во Македонија би можеле да проектираат), а во странство таквиот продукт го управуваат вработени кои не се инженери (често средно/колеџ плус соодветен курс).....
Се сложувам со оваа констатација, инженерите во Македонија ретко имаат свои дизајни. Освен „програмерите“ (КТИА-шите
, по стара програма на ЕТФ/ФЕИТ, мислам дека сега „програмерите“ се ИКИ, нека ме корегира некој ако грешам
), мислам дека останатите инженери ретко имаат свои дизајни, барем на полето на електрониката. Ова пред се се должи (барем според мене) на два факти: едниот е самата љубов кон електрониката како наука, која во старт ја немале (ако ја сакаш, уште од мал ќе ја сакаш
); а другата причина е неплатеноста на овој вид на труд на пазарот (иако морам да напоменам дека, барем според мене, преовладува првата причина). Многу поедноставно е да земеш готов уред, да го мотираш, инсталираш, подесиш и само ти детално да знаеш како работи, па да биде тешко да те заменат како кадар, бидејќи новиот инженер ќе треба се да учи од почеток и со месеци да биде (горе долу) неупотреблив како вид на кадар кој и треба на фирмата која го вработила. Но тоа е тоа
, не секогаш го работиме тоа што сакаме да го работиме, тоа што ни е љубов... всушност, кога ќе размислам, најчесто е вака. Ретко кој го работи баш она што му лежи на срце :S.
Да се нашалам малку:
Која попрво, дали прво пракса или теорија, зависи дали сакаме да се движиме од мајстор кон инженер, или од инженер кон мајстор.
Се разбира, прво дошла праксата
. Но како што се развивале науките, луѓето се соочувале со проблеми кои не можеле практично да ги решат, па затоа и се развиле теоретските еквиваленти на овие науки
. Теоријата нуди решение за многу практични проблеми и нуди можности за натамошен напредок на науката (која и да е). Па и научниот метод е токму тој: постави хипотеза и провери практично дали си во право или не. Ако не си, модифицирај ја или преправи ја хипотезата и пак изведи практичен експеримент за да ја потврдиш или негираш истата
.
Искрен да бидам, една од причините (би рекол, најголема) поради која ми се допаѓаат егзактните науки е токму овој метод. Поставуваш хипотеза (теорија) и мораш да докажеш дека функционира тоа што си го поставил како хипотеза, инаку никој нема да те свати сериозно, за разлика од законите во општеството, за кои не мораш пред никој да докажуваш дека функционираат, едноставно, доволно е да ги поднесеш и да ги изгласаш
. Не можеш да ги прекршиш законите на физиката, се мора да се базира на нив. Дури и кога изгледа дека на моменти ги „кривиме“, реалноста е всушност дека самата природа и физичките закони дозволуваат да бидат „искривени“
, а не дека ние сме успеале да ги „искривиме“
. Го обожавам овој начин на работа на природата (универзумот)
. За разлика од законите во општеството, кои може да се интерпретираат на еден или на друг начин, во зависнот од тоа колку ти е добар адвокатот
, природните закони се точно дефинирани (иако никаде не се запишани) и нема двојна, тројна или не знам каква интерпретација на истите
. Или дозволуваат да направиш нешто, или не, трето нема
.