Која величина на напонот ?
1. Eфективна вредност.
Тој 20~ параметар е која вредност
2. Eфективна вредност.
Кондензаторот која вредност е ?
3. 2200 µF/xxV.
(Одговори со ОДГОВОР доле првата иконка а не со ЦИТИРАНО горе десно од постот.)
Напонот без кондензаторот би бил Vs = (20*sqrt(2)) / 2 затоа што ефективната вредност на синусоида со само една полупериода е Vврв-до-врв / 2
Поради додавање на кондензаторот, вредноста (без оптоварување) ќе биде иста како вредноста на секундарот на трафото по корен од 2 (затоа што 20 волти е ефективната вредност на трафото)
Кога ќе се приклучи потрошувач, во зависност од тоа колку струја ќе влече, ќе се менува излезната ефективна вредност поради празнењето на кондензаторот.
Таа може да се пресмета од формулата за едначење на количество електричество :
Vr * C = I * dT
Vr - Ripple напонот на краевите на кондензаторот, тој се наоѓа како
Vr = I / f*C
dT = времетраењето на периодот на полнење на кондензаторот