Овој засилувач (појачало) го имав најдолго кај себе. Цели две години. Колку што се сеќавам имаше само едно реле на излезот ....
Туку друго ми беше муабетот....
Овој засилувач има декларирана моќност од 90/140 вати (мислам дека беше така), но звукот што го репродуцира е - очаен. Да, очаен и му нема помош. Што се не направив, преправив додадов и одземав, од оние транзистори ТИП 141 мислам дека беа, ама џабе....
Звукот е „муљав“, небалансиран, темен, изопачен...Единствено ако ЦД-то се пушти преку Amp-direct, нешто подобри се резултатите ама и тоа трае кусо. Само 15 минути, потоа станува досаден звукот.
Ова е едно од оние појачала кои може да „свират“ само на журки каде нивото на алкохолот забранува церебрумот да користи ресурси за добар звук.
Засилувачот има некои „тешки“ басови и високи кои ги нема иако во проспектот пишува дека „сече“ на 16 кХз....
Го пробував со разно-разни звучници: од ХСР (120-вати кутии), Варфедејл, Мишн, па до моите Кантон 890 DC. Никако да го извади звукот. Типично за техникс серија со СВИ-интегрални кола....
Во 2005 повторно почнав со аудио-електроника и тогаш го споредив звукот на „извиканото“ коло LM 3886 (47 Labs ...Gaincard model)
Звукот се отвори на Kантон звучниците, па на ХСР-от, на Мишн...Едно обично коло од 400 денари го порази бижутеричното СУВ-670.
На крај го „баталив“, го продадов пошто-зашто. Потоа си го вратив „филмот“ наназад со голем број Техникс појачала со речиси ист темен звук ама инатот дека може да изменам нешто беше поголем од историјата во која „лиги“ ни течеа кога ќе поминевме покрај продавницата на Техникс во Трговски во рани 80-ти години....
Особено ми се допаѓа она Class AA. Веројатно најсимпатичната маркетинг реклама на еден производител кој успеа да продаде на таа финта АБ појачала на светско ниво. (Претходно беше А-class)
Ако можеш да го советуваш човекот кој ти го донел засилувачот да го продаде или излезниот дел да го промени (има таман ладилник за ЛМ 3886). Се останато е - очај. Освен ако не му е појачало со интимна вредност....
Посебно не е можно да се слуша џез со тој засилувач. Никако, мајке ми...
П.С. Гледам на Реклама5 дека ги има уште овие појачала и дека продавачите го нудат како А-класа појачало. Се надевам во ова време на интернет, луѓето научија малку-од-малку за оваа проблематика...