Прво, ќе напоменам дека за волку големи моќности во никој случај не се користи предзасилувач со тонски контроли туку миксета... мора да има master контрола на звукот, инаку, може да му текне на DJ-от (или кој и да е што свири или пушта музика) да си го пушти Gain-от до максимум или Volume контролата да ја отера сосема на десно. Затоа и постојат тон-мајсторите. Една од причините е токму оваа, за да не дојде до вакви ситуации. DJ-ите (а и музичарите) најчесто не знаат колку е моќен звучниот систем и мислат дека може да тераат до бесвест со јачината. Затоа тонецот е одговорен да го намали сигналот ако забележи дека сигналот е преклипуван или прејак за тој музички систем. Се разбира, не секогаш се водиш само по VU метри и мерни едниници, многу често тонците се водат и по „слух“, односно прктично искуство (ретко кој од нив веќе и ги гледа VU метрите и останатите модули, исклипуван и прејак сигнал за определен звучен систем може многу лесно да се познае од истренирано уво).
Второ, моја лична препорака е звучниците (во конретнава ситуација) да бидат барем 300W појаки од максималната моќност на засилувачот, што значи дека треба да имаат моќност (барем на бас звучникот) од околу 700W, што автоматски значи дека бас звучникот најверојатно ќе треба да биде 18 инчен. Зошто? Од истите причини кои ги наведов во првиот пасус. Исклипуваниот сигнал често знае да делува многу лошо на звучните единици (драјверите) бидејќи има нагли промени (во временски домен, сигналот знае често нагло да се искачува, и кога ќе дојде до точката на клипинг, нагло, скоро под агол од 90 степени, да ја смени насоката, односно да го достигне практичниот максимален лимит што може да го даде засилувачот). Ова е најчесто погубно за високотонците и среднотонците, од проста причина што колку е повисока фреквенцијата, промената на „насоката“ на аудио сигналот во временски домен е се поголема (при пониски фреквенции, промената на „насоката“ на сигналот на исклипуван аудио сигнал е поглатка, а кај повисоките е поостра бидејќи и фреквенцијата е повисока). Се разбира, во погубноста на исклипуваниот сигнал врз високотонците игра улога и смиот начин на изработка на високотонците и бас звучниците, кои значително се разликуваат. Исто така, моќноста на бас звучникот треба да биде (барем според мене) околу 300W поголема од максималната моќност на засилувачот (400W RMS) бидејќи често сигналот можно е да има и пикови од преку 700 или 800W на волку големи моќности, кои засилувачот (можеби) ќе ги издржи, но не и звучниците. А да бидеме реални, звучните кутии и драјверите се најскапиот дел од аудио опремата. Од нивната градба и парите фрлени за неа, до самите драјвери и цената која може да ја достигнат истите. Освен тоа, со толку моќни звучни кутии кои се работени со таков засилувач, им се продолжува векот на звучните кутии
. Ќе ти траат подолго бидејќи помалку амортизирани ќе бидат самите звучни единици
.
Трето, мораш да има некој тип на заштита на взучниците. Ако немаш идеја како да ја изведеш оваа заштита, наједноставно е да поставиш една сијалица (штоп светло или светло од трепкач од автомобил) од 12V во серија со високотонците и среднотонците. Бас звучниците ретко горат и горат само ако подолго време им се даде многу јак сигнал (сигнал кој бааги ја надминува границата на нивната декларирана моќност), и бидејќи имаат намотки од подебела жица, потребно им е бааги време за да се загреат до тој степен за да изгорат намотките. Кај високотонците и среднотонците, ситуацијата е малку поразлична, намотките им се намотани од потенка жица, па времето потребно за да жицата изгори (се прекине) кога нивната декларирана моќност е надмината, е многу пократко. Се разбира, ова решение е најпросто, има и многу покомплицирани решенија
. Иако мислам дека е едно од најпрактичните и често има спасувано многу звучни кутии
.
Четврто, (иако ова требаше да биде меѓу првите, ама ајде
) за волку моќни звучни кутии, секогаш се препорачуваат тросистемски звучни кутии. Зошто? Причната лежу во следниот факт: коллку се помоќни звучните едници, фреквентниот опсег им е се помал. Во превод, тоа значи дека за волку големи моќности, ретко може да се најдат драјвери кои спаѓаат во класата на бас-среднотоници, а почести се чисто бас драјверите. Ова е пред се последица на самиот начин на изработка на звучницте (колку е поголема моќноста, активната површина на звучникот треба да биде поголема, па следува дека помалите моќности на сигналот, како што се средните и високите тонови, се помалку може да ја мрднат мембраната, поради нејзината габаритност).
Што се однесува до тоа дали се користи активен или пасивен филтер... само ќе напоменам дека ако сакаш да имаш активен филтер, ќе ти требаат шест засилувачи (по три за секој канал, за басот, среднотонецот и високотонецот), што е многу добро решение ако се бавиш со професиопнално PA озвучување, но ако го правиш ова за домашна употреба или едноставно сакаш од време на време на некоја полјана да си се расположиш со друштво или да организираш нешто како „собиранка“, што и да е, ова е финансиски неоправдано решение. Така да, во конретниов случај јас сум за употреба на пасивни филтри. Какви, тоа е веќе друго прашање и не сум доволно компетентен да го одговорам (нема големо искруство со PA звучници, освен како преместувач на „сандаци“ или тонец
, во превод, никогаш не сум градел PA звучни кутии
).
ПС: Сега го прочитав ова:
Само на крајот кога ке се соберат моќностиве на сите драјвери .. Да не биде да нема да може да ги напуни па да не се движат ни до пола
Целата поента да не се „пунат“ до крај
. Ако ги тераш до крај, живтниот век ќе им се намали
. Биди среќен ако не се движат до максимум
.