Член сум на форумов од пред 1,5 месец ми се чини. Жал ми е заради непретставувањето досега ама дури сега детално го разгледав форумот и видов дека има и ваква рубрика.
Значи вака и вака:
Од Скопје, мислам дека се веќе 43 години, од 11 години електроничар ама не и дипломиран. Самоук до ниво на имбецилност
Некои работи ми се заборавени за жал....
Дипломирав нешто сосема друго кое нема врска со електроника.
На 12 години направено прво појачало (засилувач). Оттогаш бројот на слушнати, направени и поправени е голем. Од 2000 до 2009 без капка калај во себе. Во 2009 му ветив на колега дека ќе му направам засилувач. Сега сум повторно заљубен во аудио-електрониката. По принципот - Мушкарци су као аутобус, увек се враќају на прву станицу!
П.С. Штета што струјата пак поскапе. Бројот на луѓе кои ќе се обидат да прават А-класа ќе биде се помал. Ова не го кажаа на ниту едни вести какоз агуба за македонската хај-фај реалност
Бесплатни совети при купување „засилувач на старо“ или звучници. Особено оние што беа „извикани“ во 80-те, па до средината на 90-те години од минатиот век...