Само ми се чини откако постира дека се чувани во влажна просторија забележав оти долната лева страна на едната кутија ми изгледа одлепена или не ?
Да, изгледа одлепена е, изгледа ќе треба и кутиите да се репарираат. Кулку е финансиски оправдан овој зафат... искрено, не знам. Исто така, за волку слаби звучни кутии (45W RMS), мислам дека е неоправдано користењето на среднотонец. Баш напротив, мислам дека главната причина зад големото изобличување (грдиот звук) се токму среднотонците (неквалитетните и неодржувани среднотонци често знаат повеќе да го нагрдат звукот од сите останати звучни единици). Така да, дури и да ги преправаш целите звучни кутии, не би ти препорачал да ставаш среднотонец. Доволен е еден бас-среднотонец и високотонец, односно двосистемска кутија
. Ова ќе значи дека ќе треба да се смени и свртницата, но... ако сакаш максимум да извадиш од овие звучни кутии, јас тоа би го предложил
.