Author Topic: Ми треба помош околу напојување за дигитален термостат  (Read 1230 times)

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Имам едeн дигитален термостат кај кој е изгорена примарната намотка од трафото ( 10,8V, 1.5W) а на плочата има и едно реле кое што работи на 12VDC, па се чудам шо не ставиле трафо од 12V, е сега имам исто такво трафо ама распоредот на изводите не е ист и нема место за со жички да се премости, па планирам на перфорирана 30х25 mm колку шо е трафото еден претворач, од 220 на 11-12V 150mA, па ке ве молам за шема.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Според мене за да не се чудиш во врска со релето, ако имаш исправувач со регулација на напон барем да започнува со 2-3 волти и да може да се регулира барем до пропишаниот напон на релето, тогаш приклучи го релето на намотката па почни да го зголемуваш напонот. Претпоставувам дека веќе на околу 5-6 волти релето ќе ја вклучи котвата илити контактите. Мислам дека ќе ти стане јасно зошто на трансформатот стои 10.8 а плус на тоа, тоа е (највероватно) изменичен напон, а релето (највероватно) се приклучува на исправен напон, а тоа е резултат од 10.8 х 1.41 = 15.2 .
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Во логинг електроникс имаш мали трансформаторчиња.Од неколку стотици милиампери.Можеш да ставиш такво.Ти стави му од 9 волти.Па пак ќе работи уредот и релето ќе се активира.Како што ти кажа Тома,ќе се активира на секој напон релето(до некои граници-од 5-6волти па до 15 волти).

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Значи јас немам проблем со релето, мене ми треба само шема за AC-AC претварач ама по можност плочката да е до 30х25мм и да ја поставам кадешто беше трафото, оти такво трафо ( веќе имам, од нешто го извадив) исто е ама пиновите му се различни, а да побарам негде по продавници невервам дека ке има такви.

Offline bore

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 72
  • Gender: Male
Ако имаш веќе такво трафо подобро ќе биде да го наместиш.

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
правење на таков претворувач според мене е многу сложено, ако имаш нерви да го премоташ приматор на неговото трафо ако не е целото залиено во пластика па пак да го вратиш...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Залиено е, ке видам да пробам некако со то другото трафо ако можи некако со жички.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Можеш да искористиш и повеќе трансформатори за различните напони ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."