Личи на Gibson SG,веке го обработив грубо телото .Вратот е од три јаворови кадрона ,кои се залепени веке и треба да се шмирглаат,На горната плоча на вратот (јасен) веке се поставени праговите и треба да се оди со финиш и лепење..Купив во Турција седеф и сакам да направам некои орнаменти на вратот во интарзија.Магнетите и електрониката се готови ,со метални,златни копчиња за потенциометрите,Преклопникот ке биде во три положби на лизгање ,како кај стратот.Кајшот е широк ,кожен .со нитни и метални копчи.
Оршата (Благој) е прекар на еден прекрасен човек,инженер-хемичар кој сега прави акустични фламенго гитари и свири шпанска класика.Човекот знае се за гитарите! Прави по нарачка и од тоа живее.Светозар е ликовен уметник,мој пријател,,предаваше ликовна уметност во едно училиште,па даде отказ и изработува претежно виолини и црта фрески по црквите.Работи и гитари ,ама поретко.Сега моментално мислам е во Охрид.