За колегава да одговорам : НАшите музичари имаат критична маса кон ШУР микрофоните ,кои од 565,57,58 итн. серии се користат универзално за сите намени.Ако зборуваме така и со СМ 58 ке озвучиме гитара.
Ама ако си акустичар,класичар тогаш ке приметиш голема разлика ако те озвучам со ШУР и ако ставиме пример САМСОН КУ 7 (кондензаторски).Разликата е прилично голема во корист на кондензаторскиот бидејки дава подобра динамика,колорит,а и опсегот е далеку над динамичкиот.Уште ако видиме и кој е електрички поосетлив тогаш се е во прилог на овој вториот.
Сега на концертот во Велес ,на 7 септември,учествуваа дузина професионалци и имавме една долга тонска проба.Момците од * Перкашн бенд* ги озвучивме со СМ 57 ( три тарабуки и тапан),ама кога дојде Оршата (шпанска гитара) веднага побара кондензаторски микрофон.Пробај ако свириш гитара (акустична) и на добар разглас веднаш ке ја приметиш разликата.
Еден Влатко Стефановски преферира конд.микрофон кога свири акустична гитара,а сите контроли ги става на *0*!