Daniel Spasovski покрена тема „Дали е можно паралелно поврзување на два торусни трансформатори“ у која се покренаа и некои други интересни прашања,али предвреме ја заклучи темата среде дискусија за прашањето кое тука повторно го поставувам. Ајде што ја заклучи темата,али последниот пост беше негов у кој кажува дека јас сум у грешка,па не можев да му одговорам.
Цитирано од Daniel Spasovski:
„Напон на трафо кое има параметри , На пример : 12V 5A моќноста на трафото ке биде 60W Така да грешка си Маки - При поврзување на потрошувач кој бара напон од 12V и струја се до 5 ампера во никој случај напонот нема да биде поголем , несмее да се намали или како што викаш ти , несмее да биде поголем иако од него не се влечат константно 5А , така да напонот цело време ке биде 12V !!“
Ево експеримент у кој докажувам дека сум у право:
Извадив трафо од адаптерче 12Vdc и 1A dc max и го измерив напонот на секундар без потрошач: 16,8Vac.
Онда секундарот го споив на 56 Ома отпорник и измерив 14,3Vac напон на секундар.Струјата е 14,3/56=0,255А а потрошената снага е 3,65W.
После секундарот го споив на 22 Ома отпроник и измерив 11,7Vac напон на секундар.Струјата е 11,7/22=0,53А а потрошената снага е 6,22W.
Закључок: Напонот на секундар кај трафо зависи од струјата (снагата) која ја влече потрошачот,па јас сум у право а Daniel Spasovski, Toma и i_ivica грешат.