Тече струја од 0,219mA ова вредност ја добив кога го ја одлемив жицата која е залемена на средниот извод од потенциометарот и сериски после отпорникот од 3,3К пред на базата на Т1
Па, 220 uA е прилично висока струја за да ја активира базата на првиот транзистор.
Како што рече GigaWatt, спој го 3k3 отпорникот (од спротивната страна на базата) кон маса, доколку повторно се појави напон, значи дека транзисторот не работи како што треба.
ПС: На која страна тече струјата ?
ППС: Напојувањево има *УЖАСНА* температурна стабилизација, излезниот напон зависи од B-E спојот на последниот транзистор, чиј напон ќе се менува драстично со промената на температурата од течењето на повисока струја. Можни решенија се инверзен транзистор како диода, транзисторско огледало или обична диода од база кон емитер