По подсекцијата во која е post-иран topic-ов претпоставувам дека станува збор за спуштање и кревање на стакло од врата на автомобил. Требало да наведеш во насловот, бидејќи прв пат кога прочитав се збунив
. Ајде, нема везе
.
Најверојатно трите жици се врзуваат за тастер со две позиции, една од жиците е „заедничка“ (се преспојува со другите две) и со преспојување на заедничката со другите две, стаклото се движи нагоре или надолу
. Треба да откриеш која е заедничката
. Лесно може да се открие ова комбинирајќи (преспојувајќи) ги трите жици една со друга
. Мислам дека не би требало да настане некое оштетување на електрониката на автомобилот ако се преспојат двете жици кои не се „заедничката“
, така да, би требало да немаш проблем со откривањето на заедничката
. За другите две, уште полесно може да се установи со која се спушта, а со која се крева стаклото
.
Се разбира, ова што го пишав важи само ако претходно знаеш кои две жици одат кон моторчето
.