Прво, треба да знаеме за какво радио за кола станува збор (бренд, модел), па потоа се останато.
Најчесто, засилувачите во радио-касетофоните за кола работат во bridged mode, така да, малку е ризично поврзувањето на излезите преку обичен атенуатор (изведен со отпорници) бидејќи излезите од радио-касетофонот не смеат да се врзуваат со масата, а сигналот за влез на TDA1562 се дефинира преку GND (шасија, маса), така да, не смее минусот од излезите од радио-касетофонот да биде поврзан директно за масата на колата, односно масата на влезот на TDA1562. Така да, потребно е да се направи атенуатор и за двата излеза од радио-касетофонот (плусот и минусот од еден канал, што значи дека всушност треба да се направат четири атенуатори, по два за десниот и левиот канал) или да се земе сигналот директно од радио-касетофонот за кола и преку бафер да се прати на влез од засилувачот со TDA1562 (баферот не мора да се користи ако планираш да го користиш само едниот или само другиот засилувач, односно само засилувачот со TDA1562 или само вградениот засилувач во радио касетофонот, едноставно само може да се стави еден преклопник). Варијатната со атенуаторот може да се изведе на неколку начини. Еве еден линк на кој е објаснет принципот на работа на еден од начините на кои може да се изведе овој атенуатор
.
http://www.bcae1.com/loc.htm