Со овој анализатор може да се проверува исправноста, распоредот на изводите и некои параметри на разни полупроводници - биполарни транзистори, JFET, MOSFET и диоди, а со додатната плочка може брзо да се испитуваат и SMD делови што е посебно корисно бидејќи они обично имаат некои безвезе ознаки и мора да се бараат по каталози. Објавен е во списанието Електор 4/2005, а оригиналниот текст, нацрт на плочката и хексот се во атачмент. За да не се повторувам овде, начинот на работа, склопувањето, калибрацијата и користењето на овој уред се опширно објаснети во текстот.
Сега останува уште да го ставам во кутија, а еве и некоја слика од покажувањето на овој анализатор за различни компоненти: