Не ,ти треба сигнал инјектор! Тоа е мал осцилатор (мултивибратор кој емитува сигнали во НФ опсегот .Едниот крај е на масата на уредот,а со пипалката се оди од почеток(или од звучник наназад!) и се допираат точките каде по правило минува сигналот.Ако во некоја точка не се слуша сигналот,кварот е некаде во близина.За ова треба мал тренинг.
Сигнал трасерот е мал НФ појачувач со излез на слушалки или звучник,кој се поврзува слично како инјекторот ,само се прати сигналот од влезот на уредот ( и ВФ сигналите преку соодветен филтер/исправувач) па се до звучникот.Еве две шеми за пример.