ВОВЕД:Преку овој пост ќе научите како да направите Пристапна Точка (Access Point) од постар Pentium 1 до Pentium 3 компјутер.
За да направиме пристапна точка од постар компјутер потребно е да се набави соодветен хардвер за кој ќе бидат дадени неколку примери, а потоа ќе биде објаснет кој софтвер може да се користи за да може да функционира целата машина.
Забелешка: Некои од вас ќе бидат скептици и ќе зборуваат за колку е не ефикасно ова. Напротив ако некој размисли подобро, ќе дојде до заклучок дека се исплати на многу начини.
ХАРДВЕР:Во овој дел ќе разгледаме каков харвер ни треба и кои перформанси можеме да ги очекуваме при целосна функционалност и оптоварување на харверот.
Комерцијалните пристапни точки како овие на Linksys ги имаат следниве карактеристики:
CPU: 160-300MHz
RAM: 8-32Mb
ROM: 4-16Mb
Chipset: Broadcom, Atheros и слични.
Според овие карактеристики можеме да заклучиме дека најмалата можна комбинација во составот:
CPU: Penrium MMX - 100-166 MHz
RAM: 64 MB SD-RAM
ROM: 8-32MB Compact Flash Card
Chipset: Atheros b/g, a/b/g
ќе биде доволна за домашна употреба за делење интернет на 2-5 клиенти со одлична брзина и со употреба на добра антена и голем домет на сигналот.
Јас ја искористив следнава хардверска комбинација, која освен како Access Point се користи и како Router/Firewall:
CPU: (Update 09.10.2009, 23:35: Сменет е во Intel Pentium 2 - 300MHz 512k L2)
RAM: 2x64MB SD-RAM PC-133 PQI
ROM: (Update 20.11.2009, 13:12: Сменет е во takeMS CF Card 4GB + IDE->CF Card Adapter)
USB: 1G USB Flash For Saving Settings (Ако се користи CF картица тогаш нема потреба од користење на USB флеш)
ODD: x54/x16 DVD Combo Drive (Потребно е само при инсталација на оперативниот)
LAN: 3xRealtek RTL8139D (Минимум 1 LAN картица со 1 Wi-Fi картица)
WiFi: LevelOne WNC-0300 v4 Atheros 5001X+ Chipset
Power: 400W ATX Power Supply
Од прикажаната хардверска конфигурација можам да ги препорачам следниве водички точки:
1. Користење на процесор од:
AP + Router/Firewall - Intel Pentium 2 - 300MHz
AP - Intel Pentium MMX - 133 MHz;
2. Користење меморија:
Минимум: 64MB
Препорачано: 128MB
3. Користење на CD-ROM/DVD-ROM/DVD-RW:
Само при процес на инсталација на софтверот за контрола
4. Користење на LAN картички:
AP + Router/Firewall - Минимум 2 картички, препорачливо 3
AP - Доволна е една LAN картичка
5. Користење на WiFi картичка:
Иако би работеле и картичките со Ralink и Realtek чипсети, тие имаат
тенденција да направат и проблем кој многу тешко се решава.
Затоа препорачувам користење на WiFi картички со Atheros чипсет
како некои од следниве:
D-Link DWL-G520
LevelOne WNC-0300 v4
TP-Link TL-WN550G
TP-Link TL-WN650G
TRENDnet TEW-443PI
TRENDnet TEW-503PI
односно користење на картици со следниве Atheros чипсети:
AR5000
AR5001X
AR5001X+
AR5002X+
AR5004X+
AR5006
6. Користење на напојување:
Доволно е напојување од 200 вати, но поради
немање на такво напојување искористив од 400 вати.
СОФТВЕР:Во овој дел ќе обратиме мало внимание само на кои софтвери можат да се искористат, па се надевам дека понатаму ќе биде објаснет подетално секој од нив.
Значи од софтвер можат да се искорисат следниве неколку дистрибуции за контрола на хардверот опишан погоре:
1. m0n0wall - http://m0n0.ch/wall/
2. pfSense - http://www.pfsense.com/
3. IpCop - http://www.ipcop.org/
4. Mikrotik OS - http://www.mikrotik.com
5. DD-WRT - http://dd-wrt.com/site/index
Сега за сега повеќе информации за софтверот можете да најдете на страните на самите произведувачи на софтверите. Инаку само мал дел од нив се бесплатни.