Author Topic: Како да направите Access Point од Pentium 1-3 компјутер  (Read 4174 times)

Offline nCounTr

  • Почивај во мир
  • Стручњак
  • *****
  • Posts: 231
  • Gender: Male
  • Дипл.Ел.Инж.
    • Македонски форум за електроника
Како да направите Access Point од Pentium 1-3 компјутер
« Opened on 09.10.2009, Friday, 14:26:46 (Edited 20.11.2009, Friday, 13:21:05) »
ВОВЕД:

Преку овој пост ќе научите како да направите Пристапна Точка (Access Point) од постар Pentium 1 до Pentium 3 компјутер.

За да направиме пристапна точка од постар компјутер потребно е да се набави соодветен хардвер за кој ќе бидат дадени неколку примери, а потоа ќе биде објаснет кој софтвер може да се користи за да може да функционира целата машина.

Забелешка: Некои од вас ќе бидат скептици и ќе зборуваат за колку е не ефикасно ова. Напротив ако некој размисли подобро, ќе дојде до заклучок дека се исплати на многу начини.

ХАРДВЕР:

Во овој дел ќе разгледаме каков харвер ни треба и кои перформанси можеме да ги очекуваме при целосна функционалност и оптоварување на харверот.

Комерцијалните пристапни точки како овие на Linksys ги имаат следниве карактеристики:
   
    CPU: 160-300MHz
    RAM: 8-32Mb
    ROM: 4-16Mb
    Chipset: Broadcom, Atheros и слични.

Според овие карактеристики можеме да заклучиме дека најмалата можна комбинација во составот:
 
    CPU: Penrium MMX - 100-166 MHz
    RAM: 64 MB SD-RAM
    ROM: 8-32MB Compact Flash Card
    Chipset: Atheros b/g, a/b/g

ќе биде доволна за домашна употреба за делење интернет на 2-5 клиенти со одлична брзина и со употреба на добра антена и голем домет на сигналот.

Јас ја искористив следнава хардверска комбинација, која освен како Access Point се користи и како Router/Firewall:

    CPU: (Update 09.10.2009, 23:35: Сменет е во Intel Pentium 2 - 300MHz 512k L2)
    RAM: 2x64MB SD-RAM PC-133 PQI
    ROM: (Update 20.11.2009, 13:12: Сменет е во takeMS CF Card 4GB + IDE->CF Card Adapter)
    USB: 1G USB Flash For Saving Settings (Ако се користи CF картица тогаш нема потреба од користење на USB флеш)
    ODD: x54/x16 DVD Combo Drive (Потребно е само при инсталација на оперативниот)
    LAN: 3xRealtek RTL8139D (Минимум 1 LAN картица со 1 Wi-Fi картица)
    WiFi: LevelOne WNC-0300 v4 Atheros 5001X+ Chipset
    Power: 400W ATX Power Supply

Од прикажаната хардверска конфигурација можам да ги препорачам следниве водички точки:

1. Користење на процесор од:
         
            AP + Router/Firewall - Intel Pentium 2 - 300MHz
            AP - Intel Pentium MMX - 133 MHz;

2. Користење меморија:

            Минимум: 64MB
            Препорачано: 128MB

3. Користење на CD-ROM/DVD-ROM/DVD-RW:
            Само при процес на инсталација на софтверот за контрола
4. Користење на LAN картички:

            AP + Router/Firewall - Минимум 2 картички, препорачливо 3
            AP - Доволна е една LAN картичка

5. Користење на WiFi картичка:

            Иако би работеле и картичките со Ralink и Realtek чипсети, тие имаат
            тенденција да направат и проблем кој многу тешко се решава.
            Затоа препорачувам користење на WiFi картички со Atheros чипсет
            како некои од следниве:

             D-Link DWL-G520
             LevelOne WNC-0300 v4
             TP-Link TL-WN550G
             TP-Link TL-WN650G
             TRENDnet TEW-443PI
             TRENDnet TEW-503PI
           
            односно користење на картици со следниве Atheros чипсети:

             AR5000
             AR5001X
             AR5001X+
             AR5002X+
             AR5004X+
             AR5006

6. Користење на напојување:
            Доволно е напојување од 200 вати, но поради
            немање на такво напојување искористив од 400 вати.

СОФТВЕР:

Во овој дел ќе обратиме мало внимание само на кои софтвери можат да се искористат, па се надевам дека понатаму ќе биде објаснет подетално секој од нив.

Значи од софтвер можат да се искорисат следниве неколку дистрибуции за контрола на хардверот опишан погоре:

1. m0n0wall - http://m0n0.ch/wall/
2. pfSense - http://www.pfsense.com/
3. IpCop - http://www.ipcop.org/
4. Mikrotik OS - http://www.mikrotik.com
5. DD-WRT - http://dd-wrt.com/site/index

Сега за сега повеќе информации за софтверот можете да најдете на страните на самите произведувачи на софтверите. Инаку само мал дел од нив се бесплатни.
ESPRIMO Mobile v5505 | Intel Centrino Duo T5450 @ 1,66GHz Santa Rosa | Apacer 4GB DDR2-667MHz | Fujitsu 120GB SATA-150 5400rpm | Intel x3100 384M Memory | Intel PRO/Wireless 3945abg | Gigabit Ethernet | Toshiba Bluetooth v2.0 | Windows 7 x64
АМАН ЧИТАЈТЕ ПРАВИЛA

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Power: 400W ATX Power
Вати или мили вати се во прашање? :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline nCounTr

  • Почивај во мир
  • Стручњак
  • *****
  • Posts: 231
  • Gender: Male
  • Дипл.Ел.Инж.
    • Македонски форум за електроника
Power: 400W ATX Power
Вати или мили вати се во прашање? :)
Вати се во прашање и тоa разделени на:
+3,3 волти со максимални 28 ампера
+5 волти со максимални 40 ампера
+12 волти со максимални 17 ампера
-12 волти со максимални 0,8 ампера
-5 волти со максимални 0,3 ампера и
+5 волти SB со максимални 2 ампера
ESPRIMO Mobile v5505 | Intel Centrino Duo T5450 @ 1,66GHz Santa Rosa | Apacer 4GB DDR2-667MHz | Fujitsu 120GB SATA-150 5400rpm | Intel x3100 384M Memory | Intel PRO/Wireless 3945abg | Gigabit Ethernet | Toshiba Bluetooth v2.0 | Windows 7 x64
АМАН ЧИТАЈТЕ ПРАВИЛA

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
извини јас па се помешав со излезната снага на wifi-то  :D иначе супер е ова, стар компјутер да се претвори во бежичен рутер или АП
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Излезната снага на WiFi картиците е околу 70mW :(
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline nCounTr

  • Почивај во мир
  • Стручњак
  • *****
  • Posts: 231
  • Gender: Male
  • Дипл.Ел.Инж.
    • Македонски форум за електроника
Едно прашање до оние кои знаат да дизајнираат електронски уреди.
Дали може некако да се направи напојување од некои 120-200 Вати за напојување на овој уред, место да се користи робусно и гломазно ATX напојување за компјутер.
Со оглед на тоа дека не се користат графички кои тражат големи напојувања, процесори до максимум 500MHz, не се користат хард дискови - место нив се користи IDE<->CF Адаптер, привремено (еднаш) се користи оптички диск драјв (ODD), мало винталаторче на процесор (може и без него ако се направи добро пасивно ладење).
Ако може да се дизајнира добро би дошло да го вметнам и тоа во целокупниот дизајн на пристапната точка, па и да пратам слики од краен дизајн и на куќиштето за истото.
ESPRIMO Mobile v5505 | Intel Centrino Duo T5450 @ 1,66GHz Santa Rosa | Apacer 4GB DDR2-667MHz | Fujitsu 120GB SATA-150 5400rpm | Intel x3100 384M Memory | Intel PRO/Wireless 3945abg | Gigabit Ethernet | Toshiba Bluetooth v2.0 | Windows 7 x64
АМАН ЧИТАЈТЕ ПРАВИЛA

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Излезната снага на WiFi картиците е околу 70mW :(
море добро е и толку, моиве се по 30mW или 15dBm
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Мислам дека треба да побараш микро атх напојувања (мали), бидејќи за таа големина нема шанси во домашни услови да ги добиеш сите напони и околу 200 вати реални снага.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline nCounTr

  • Почивај во мир
  • Стручњак
  • *****
  • Posts: 231
  • Gender: Male
  • Дипл.Ел.Инж.
    • Македонски форум за електроника
Мислам дека треба да побараш микро атх напојувања (мали), бидејќи за таа големина нема шанси во домашни услови да ги добиеш сите напони и околу 200 вати реални снага.
Јас незнам ни колку користи компјутерот снага, имам обична матична за пентиум 2, процесор пентиум 2 на 300 мхз, цф картица која работи на 3.3 волти а го конвертира од 5 волти, единствено цд ромот е единица што троши повеке.

Имено еве една споредба со пентиум 1 на 75мхз
http://www.wifihr.net/modules.php?name=Content&pa=showpage&pid=37

овде тој троши некаде околу 8W додека 486 троши 3W, според сите логики пентиум 2 најмногу да троши 20-30W.
ESPRIMO Mobile v5505 | Intel Centrino Duo T5450 @ 1,66GHz Santa Rosa | Apacer 4GB DDR2-667MHz | Fujitsu 120GB SATA-150 5400rpm | Intel x3100 384M Memory | Intel PRO/Wireless 3945abg | Gigabit Ethernet | Toshiba Bluetooth v2.0 | Windows 7 x64
АМАН ЧИТАЈТЕ ПРАВИЛA

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
За постар компјутер ти се доволни барем 100W сосе хард диск
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline nCounTr

  • Почивај во мир
  • Стручњак
  • *****
  • Posts: 231
  • Gender: Male
  • Дипл.Ел.Инж.
    • Македонски форум за електроника
За постар компјутер ти се доволни барем 100W сосе хард диск
Борче мислев на ова picoPSU <- пребарај го гугл за ова.
Инаку тоа е DC-DC конвертор со максимална моќност од 60-150 вати во зависност од модулот.
Мене ќе ми бидат доволни 60 вати. Додека за конвертирање на AC-DC ќе користам адаптер како за лаптоп кој дава 4-5А на 12V. Бидејќи без користење на хард диск, ЦД-РОМ и грфичка и при максимално оптоварување би трошил максимум 30 вати. Па кога ќе видиш не ми треба гломазно ATX напојување.
Дали имаш некоја таква шема за DC-DC?
ESPRIMO Mobile v5505 | Intel Centrino Duo T5450 @ 1,66GHz Santa Rosa | Apacer 4GB DDR2-667MHz | Fujitsu 120GB SATA-150 5400rpm | Intel x3100 384M Memory | Intel PRO/Wireless 3945abg | Gigabit Ethernet | Toshiba Bluetooth v2.0 | Windows 7 x64
АМАН ЧИТАЈТЕ ПРАВИЛA

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Немам, а и DC-DC се проблематични не толку дека нема шема туку дека неможе човек во домашни услови да ја направи магнетиката (не се продаваат кај нас торусни феритни прстени, пригушници, жици со одредена дебелина 2ка, 3ка и друго).
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Shotgun

  • Нов член
  • *
  • Posts: 8
  • Gender: Male
    • http://bitless.mk
Друже, не се замарај... арно ти вика Борче. Земи си microATX напојување... качиш 220V и си имаш конектор дирек за на плоча. Тоа твојата идеја... адаптери... picoPSU... да не речам... дрн-дрн мачиња... за да добиеш 90 вати... и на крај пак повеќе место ќе ти фатат од едно microATX со 400W (хммм... сега му поверував на кинезите). Сепак можда не е 400W ама е дупло од твоето! :)

Offline nCounTr

  • Почивај во мир
  • Стручњак
  • *****
  • Posts: 231
  • Gender: Male
  • Дипл.Ел.Инж.
    • Македонски форум за електроника
Одг: Како да направите Access Point од Pentium 1-3 компјутер
« Reply #13 on 26.10.2009, Monday, 23:04:46 (Edited 26.10.2009, Monday, 23:20:47) »
Друже, не се замарај... арно ти вика Борче. Земи си microATX напојување... качиш 220V и си имаш конектор дирек за на плоча. Тоа твојата идеја... адаптери... picoPSU... да не речам... дрн-дрн мачиња... за да добиеш 90 вати... и на крај пак повеќе место ќе ти фатат од едно microATX со 400W (хммм... сега му поверував на кинезите). Сепак можда не е 400W ама е дупло од твоето! :)

Мислам дека името picoPSU му е ставено поради тоа што напојувањето е многу минијатурно внатре во куќиштето и ќе зафаќа 1/100 од ATX од 400 вати.
Инаку еве слика од склопена m0n0wall firewall/router машина која нема безжична мрежна картица, но има picoPSU и видете колку е минијатурно и споредете го со АТX напојување од 400 вати.

ESPRIMO Mobile v5505 | Intel Centrino Duo T5450 @ 1,66GHz Santa Rosa | Apacer 4GB DDR2-667MHz | Fujitsu 120GB SATA-150 5400rpm | Intel x3100 384M Memory | Intel PRO/Wireless 3945abg | Gigabit Ethernet | Toshiba Bluetooth v2.0 | Windows 7 x64
АМАН ЧИТАЈТЕ ПРАВИЛA

Offline Shotgun

  • Нов член
  • *
  • Posts: 8
  • Gender: Male
    • http://bitless.mk
Епа уште да најдиш и плоча со вградена безжична и топ си. :)
Има едно дете кај мене на мрежата... Asus, не знам шо модел е.
Џекчето му е позади кај жичаната мрежна.