Зависи колку струја може да даде на rail-от од 12V (обично пишува на самата кутија од напојувањето, иако ова не е секогаш точно, тоа е максималната струја која може да ја даде, но најчесто, барем кај евтините напојувања, тоа е peak current, значи може да ја даде ама мнопгу кратко време). Ако може да даде повеќе од 20-тина ампери на rail-от од 12V, тогаш да, би декол дека може некако да се искористи. Но, сепак, ќе треба да се модифицира напојувањето. Некои членови имаа спомнато дека акумулаторите (барем оние за кола, 12V-ните) се полнат со напон оа 14.1V (или тука некаде беше, 14.4V, не сум сигурен сега, прелистај малку низ форумов, овој факт е спомнат неколку пати, ако на некој му текнува, нека пише колку беше). Така да, модификацијата зависи од типот на напојувањето и кое интегрирано коло го користи како главен контролер. Иако се сите слични, сепак, се разликуваат.