Машината ми ја направи мајстор од Скопје, ама пред тоа имаше една одисеја. (на еден друг мајстор му дадов аванс, комплетниот износ, па цела година беше држ-не дај, на крајот ми ги врати парите, а поучен од искуството бев уште на неколку продавачи и мајстори но со мојот веќе „стекнат инстинкт“ не си фатив работа со нив. Во меѓувреме ги научив механичките и електричните компонменти (освен електронските и софтверските) за квалитет и оптималност, па така да со последниот мајстор (дефинитивно човек на место) лесно ја прецизиравме проблематиката. Ставив мотори со торк 8, навојните вретена се со највисока цврстина и прецизност исто така и линеарните отворени лагери и осовините. Инверторот на фрезата ми е италијански. драјверите за степовите се канадски, а драјверот за работната програма американски. Затоа што по форумите а и мајсторот ме советуваа дека тоа не се купува од Чајна г‘рл. Е, да фрезата ми е кинеска 1600 вати, 24000 вртежи, но тие фрези се покажале како многу квалитетни и издржливи. Се во се, имам еден многу квалитетен производ. Згора на сето мајсторот стави и заштитници за да не се меша сигналот, контактори за превенција на движење,а преносот од степерот до вретената е со запчаници и каиши. Брзината е 7000мм во минута, но секако дека се менува во зависност од големината и рељефот на моделот. Кога сме веќе кај деловиве да кажам дека на форумов сретнав дека некој го спомна „Лагертон“ од Ниш, но јас знам за фирма од Бугарија (Софија) која истиот квалитет го продава за скоро 50% поефтино, па доколку некој е заинтересиран нека ми јави за да ја побарам адресата, линкот (впрочем и механичките делови на мојата машина се од таму)...
Значи, Z-оската се среќава на неколку места во арткамот при подготовка за работа. и секаде експериментирав и никако да ја управам работата. Има некоја финта која не ја знам, и после пробните модели машината ми е во својство: „да го личе дуќанот“. И уште една работа, значи оној машинскиот програм кој јас го имам (CNC USB motion controller) е барем 400 години понапред од Mach, е сега, тој си бара посебна електроника, ама еве еве предизвикувам, кој сака нека дојде кај мене да види колку е пријателски расположен со корисникот, а е евидентен, ти покажува на моделот точно каде се наоѓаш за да можеш да правиш тековни корекции (забрзување, успорување...) доколку имаш потреба од тоа.