Благодарам ShAdOw, да си направиш поубава
Шемата не е тајна, има на интернет. Јас ја користам добро познатата комбинација со интегралните кола L297 и L298.
За степ моторите нема "вати", туку се гледа јачината на струјата во ампери. Овие мотори што ги имам ставено ма машината се со струја до 2А. Уште една битна работа кај степ моторите е вртежен момент (или torque на англиски). За оваа вредност постојат повеќе мерни единици, пр.: N-m, kg-m, kg-cm, oz-in и други.
Навојните вретена не се ниту со квдратен, ниту со трапезоиден навој, како што би требало да биде, туку се со полукружен навој. Тие навојни вретена се извадени од дигалки за кола, земени од отпад. Се зборуваше за ова на втората страна од темава.
За принципот на работа не знам што да кажам, премногу е комплицирано за да се објасни во неколку реченици. Еве накратко. Прво на компјутер се прави цртеж од она што сакаме да го изработиме. Потоа цртежот се импортира во некоја CAM програма (Computer-Aided Manufacturing), во која што се задаваат параметри во врска со обработката, на пример, со која алатка да работи машината, колку брзо да се движи и многу други. Откако ќе се подесат сите потребни опции, CAM програмата генерира G-Code, и го зачувува во текст фајл. Овој фајл се отвара со друга програма, која што е директно задолжена за контрола на машинта. Најпознати програми за контрола на CNC машини се EMC2 за Linux и Mach3 за Windows. Оваа програма го чита G-Kodot, и ја контролира CNC машината преку паралелниот (LPT) порт на компјутерот, на кој што се поврзува електрониката за контрола на степ моторите.