Прво, навери модел и прозиводител на DVD плеерот во насловот. Имаш пишано во самата тема, но попрегледно е ако се тоа е напишано во насловот. Второ, да, се сложувам со batka, слика (поточно слики) многу ќе помогне, знаеш како викаат „една слика, 1000 зборови“
.
Од Quart опрема, скоро и да нема шеми (освен телевизори, но бидејќи истите шасии се користат во еден куп Кинески измислени брендови, како и Quart, тоа е измислен бренд од AMC, значи, да се разбереме, бренд Quart не постои никаде освен во Македонија... и можеби некоја соседна држава, или било каде каде што извезуваат AMC), така да, ќе треба да се снаоѓаш како знаеш и умееш.
Ако напојувањето е switching (што сум 99% сигурен дека е), можно е да е проблемот и напојувањето. Провери ги електролитите во напојувачката секција и измери ја нивната капацитивност. Ако се подуени, веднаш менувај ги, ако имаат падната капацитивност под 20% од декларираната, исто така, менувај. Се е Кинеско во таа опрема, па електролитите, така да, јас да го имав купено тој DVD плеер, уште дента кога е купен ќе му ги сменев сите лекетролити
. Кај оваа опрема, 90% од кваровите настануваат поради под-димензионирано напојување (премалку струја може да даде) и лоши (неквалитетни) електролити. Ако се е во ред (електролитите не се суви), прејди на наредната секција, односно засилувачот за woofer-от и мери напон кога woofer-от ќе биде максимално оптеретен (да, за ова ќе треба да купиш ново коло, но пред да го залемиш назад колото, симни datasheet од него, види кои му се напојувачките пинови и измери ги напоните кои доаѓаат до него од плочата пред да биде залемен, можно е да се на долна или на горна граница од дијапазонот на напојувачки напони дефинирани во datasheet-от). Ако има многу големи осцилации во напоните (на пример, удира бас и напонот паѓа за 20 или 30%), тогаш, ќе си знаеш, нема прегласно пуштање на овој DVD плеер, едноставно е лошо дизајниран. Можеби ќе може да се подобри ситуацијата со ставање на поголеми електролити (со поголема капацитивност) во секундарната секција од напојувањето, но мислам дека не вреди оваа инвестиција во однос на цената за која е платен DVD плеерот.