Но тоа не се случува (за жал), едноставно трофазното броило не работи пола куќа „нема“ струја, кога мерам со фазомер ми покажува дека има струја и на фаза и на нула, кога мерам со мултиметар помеѓу фаза и нула ми дава 0V што значи дека тие се на исти потенцијал.
Мене ова ми личи на дигитален проблем со броилото (нели, новиве броила се дигитални). Поради X причини, броилото место да префрли на жиците една фаза и една нула, префрлува две фази, потенцијалот е ист, така да, не може да се затвори колото :S. За да бидеш сигурен дека префрлува две фази на жиците, место некоја од фазите и нула, пробај со сијалица врзана на една од жиците на локацијата во која нема струја, и една жица пушти со нула од локацијата во која има. Ако сијалицата свети и е приклучена на било која од двете буксни од локацијата во која нема струја (едниот крај на сијалицата, другиот крај и е приклучен на нулата од локацијата во која има струја), значи ова е точно. Поради X причини, имаш на двете буксни иста (или различна, треба додатно да се испита ова со осцилоскоп, дали има доцнење меѓу фазите, ако нема, иста фаза е, ако има, различна фаза е) фаза. Исто така не е лошо да го измериш напонот кој го има меѓу фазата на локацијата во која нема струја и нулата во локацијата во која има струја. Би требало да биде исто околу 230V, бидејќи нулата е заедничка (струјата се носи до потрошувачите преку 3 жици, па потоа со делта-ѕвезда трансформатор се прават три фази и една нула).
После тешки обиди да стапам во контакт со ЕВН (линиите им се зафатени нонстоп) техничарот ме убедуваше да си ја проверам инсталацијата, ако не е проблем кај мене да поднесам барање за промена на дефектно броило.
Кога ќе ги вршиш мерењата, најдобро е да ги вршиш директно по броилото. Најдобар доказ е тоа и за нив и за тебе дека не е проблемот до инсталацијата, туку до броилото.
Јас навистина не знам како се преспоени жиците кај новиве броила, дали се тоа оди преку релиња или на некаков друг начин, не знам :S. Но според описов, дефинитивно мислам дека броилото е проблем. Не е можно убаво да си преспојува броилото (една жица фаза, една нула) во еден момент, а во друг момент да преспои две фази на две различни жици. Мене мова ми личи на дигитален дефект, особено ако не се јавува трепкање и сијалици или нешто слично (како да има лош контакт некаде или да се преспојува некој контакт). Ако наеднаш префрлува од една во друга состојба, па повторно наеднаш враќа, дефинитивно проблемот е дигитален.
ПС: Сега ми текна, можно е да јавува две фази на двете жици ако имаш врзано обични сијалици (со жаречко влакно) на фасонките. Сијалиците со жаречко влакно имаат прилично мала отпорност, па ако фали само нулата, фазата ќе си ја проведат без пад на напон до другата жица (нели, нема нула, нема кој да го затвори колото, нема потрошувачка на струја, па жаречкото влакно, кое во овој случај е само отпорник од неколку оми, едноставно како да не постои во колото, пад на напон нема на него, а и да има, неговата отпорност е мала, така да, може да се случи и воопшто да не се забележи). Извади ги сите сијалици во тие локации во кои нема струја и провери дали и во тој случај на двете жици има иста фаза
. Ова што го пишав, веќе ми прави повеќе логика
. Во секој случај, најверојатно проблемот е во броилото (не ја префрлува нулата), но треба да се установи дали префрлува две фази (некако помалку ми прави логика ова) или префрлува една фаза, а сијалиците си ја преспојуваат таа фаза до нултата (ова некако повеќе логика ми прави
).
Јас за секој случај ќе ги прегледам повторно осигурувачите пошто ги имам и за фаза и за нула (така на времето поставувале..).
Хммммм... ова ме наведува да мислам дека ситуацијата и не е баш таква каква што ја опишав. Можно е проблемот и да не е до броилото. Провери го осигурувачот за нулата и провери дали нулата е преспоена пред и по него. Тестот не го прави само со обичен мултиметар (beep-ер подрачје) бидејќи можно е да јави дека има врска (се е ОК), ама во таа ситуација не тече струја, кога ќе треба да протече струја, поради лош контакт (или некоја трета непозната причина, барем за мене
) да преспои на кратко, па потоа пак да изгуби контакт, или воопшто да не преспои. Најдобро, направи го тестот со сијалица, пред и по осигурувачот. Притоа, врзи ја фазата од сијалицата со фазите кои припаѓаат на делот од куќата во кој нема струја.
Post-ов, излезе малку кајмакар
, ама мислам дека ќе ме сватиш
. Така излезе бидејќи консеквентно, како што читав, пишував, а не да го прочитам цел post, па да пишам
. Ако не ти е нешто јасно, пиши, ќе ти дообјаснам (ако знам
).