А,што мислите-зошто се бориме против рестартирање на Топилницата за олово и цинк??? Прочитајте на пакувањето на секоја тинол жица за лемење - даден е процентот на олово и калај,па внатре за инфо има и мал дел кадмиум.Оловните испарувања навлегуваат во мозокот ,во крвта.Тие се многу отровни.Секогаш работете во проветрена просторија или на отворено( ако имате можност),покрај аспиратор и сл. За напомена порано постоел занает - калајџија.Бакарните садови ги калајдисувале и притоа употребувале созгајс ( киселина) со која го премачкувале садот.Има податок ( медицински) дека преку 80% од овие занаетчии добивале асма и умирале од асматички напади,слабо срце,оштетени бели дробови.Да не ве плашам - ама внимавајте кога работите со калај,испарувањата се сепак штетни за органите за дишење!!