Темното пиво обично има поголем процент на алкохол, мене најомилено ми е темно пиво, секако поздраво е, со поголем процент на витамини и со побогат вкус. Што го прави темното пиво да е темно не знам, но во секој случај е и поздраво. Секако тоа е и работа на вкусот, но никој не може да ми одговори зошто доминира светлото пиво над темното и зошто досега не се произведувало. Мислам во осумдесеттите години на минатиот век битолската пивара има извадено темно пиво на набргу го прекинаа производството. Неколку поста погоре прикажав хрватско пиво што го пробав со 7.3% на алкохол, а имам пиено и лашко темно, Guinnis темно, Falken темно, а кога бев на саем за радиотехника во германија освен темно пиво многу ми се бендиса и јачменово пиво. Пиварите во Македонија имаат добар капацитет и традиција да произведуваат темно, но и јачменово пиво. Досега се останало исто, само етикетите и амбалажите ги менуваат. Го поздравувам потегот на Скопската пивара за производство на темно пиво, се надевам дека и останатите пивари ќе не изненадат со нешто слично