Темно пиво иначе има во сите пабови, така да немора да чекаш пиволенд*
Лашко темно има секаде, guiness и Murphy's Irish Red има во St. Patrick Скопје и Охрид во Даблин, но цените се солени околу 250ден за 0,33Л кригла, додека Лашкото е 90-110ден 0.5Л
Епа затоа и не го пијам
. Ем е скапо, ем морам до паб да одам за се напијам :S. Ако сакам дома да седнам и да се напијам, треба да купам цела гајба и да потрошам мало богатство... јас, ако седнам да пијам, пијам, не се за*бавам
.
Не сум пиел премногу темни пива, сум пиел темна Каменица и Лашко... Лашкото повеќе ме бендисува
. Има некој блед шмек на вино и тоа многу ми се допаѓа
... барем на мене некако таков вкус ми има. Темната Каменица ја имаше еден период во Скопје и тоа само на неколку места, 2 литри во пластика. Јас од една трафика ја купував и мислам дека цела залиха само јас им ја истрошив
. Баш на кратко направив муабет со продавачот, гледам дека не им се троши, само тоа има во фрижидерот ноќе, се друго нема, го прашав зошто така, ми вика, па само ти купуваш
... ти и уште некој кој ќе пројде, ќе види и као за проба, ај ќе земе едно, ама не никој освен ти не купува редовно од темата Каменица
.
Баш тоа имам забележано, кај нас некако не се пијат темни пива... можеби бидејќи се малку појаки од светлите. Мене па баш тоа ми се допаѓа
.