Е ок, ајде ќе ви кажам и јас, односно ќе ви откријам една тајна.
Пијам вино, пиво и ракија, умерено некогаш и ќе ја претерам, ама ако пијам добро вино, тогаш пијам со стил и како вистински господин.
Љубител сум и колекционер на добри стари и ретки вина.....
имам околу 50 шишиња, во годината пијам едно до две шишиња или ниедно, секако за прилика која е за паметење како кога се роде мојата ќерка, не се отворе само едно.....повеќе беа. Со кумот отворивме едно од 1960 година.
Со вакво вино пушам кубанска пура Ромео и Јулија, монтекристо или Давидоф, сите рачно правени. Давидоф пура се прави во доминиканска република.
Со мојата сопруга кога имаме специјална романтична вечера со свеќи на масата, вечера која сам ќе ја приготвам и ќе отворам такво вино, а атмосферата ќе ја зачини една стара грамофонска плоча.
Вакво вино не се пие секој ден, и такво вино не е количински да пиеш, ако сакаш да се нашљокаш тогаш со нискобуџетно вино, макар и едно вакво вино од две чаши ќе те кутне.