неможеме да им наметнеме како правило ама може да им напоменуваме или напоменувате кога давате одговори да не заборави членот да напише конечно решение.
И ова го имаме правено, џабе, најчесто членовите не се одзвале или се одзвале по месец, два три
.
Никој не очекува да бидете баба ванѓи, но освен на секој пост што кажувате да се пишува кирилица, поефективно би било да се обрне внимание на насловите...
Верувај, сите од администрацијата секојдневно (мене сигурно ми се случува барем 3 или 4 пати во денот) корегираме наслови на теми и преместуваме од една во друга секција. Верувајте, да не го одржувавме форумот како што го одржувавме до сега, хаос ќе беше. Искрено, лично јас, би сакал да биде и посреден, но тоа одзема време и енергија. Не сме секогаш способни да го правиме тоа истовремено (да го одржуваме форумот и истовремено да бидеме членови кои допринесуваат за неговото збогатување). Едноставно, малку сме.
Убаво си кажа Декстер....Се е до навика...Па така и пишувањето...
Ова е сепак форум за електроника, се знае што е унифицирано и кое писмо е унифицирано...
Единствено руските форуми се на кирилица, и еве нашиов...Можеби и некој полски...
Да, во право си, повеќето форуми се на латинично писмо, но на повеќето јазици латиничното писмо им е „матично“ писмо (писмо на кое нормално се пишува на јазикот). Како и да е, поентата ми беше дека иако можеби се користи латинично писмо на повеќето форуми, сепак, на форумите кои се стриктно од и за определено подрачје или држава, се комуницира на јазикот кој се зборува на тоа подрачје или држава, како и на овој форум
.
Мене не ми смета, но мутаво изгледа кога ќе напишеш ТДА3654 или ПИК бла бла бла...
Да знаеш на мене колку ми е глупаво, но тоа е тоа :S. Гледам колку што можам да ги корегирам ознаките и брендовите барем во насловите на темите да бидат на латиница, но не можам секаде да постигнам :S.
А заморно е и безвезе е да мењаш цело време кирилица латиница, кирилица латиница, + 99% од случаевите без да погледнам куцам у веб браузерот њњњ наместо www...
Тоа ми беше зборот...
Верувај навика е, и јас исто мислев кога прв пат се зачленив на форумов. Навика е
, по некое време почнав махинално да го правам. А за тоа за www и њњњ, да, и на мене еден куп пати ми се има случено, но не ми пречи нешто многу
. Не ме кошта премногу да стискам по едно Alt + Shift
. Проблем е ако имаш инсталирано повеќе од две поддршки за јазици, но ако имаш само Македонски и Англиски инсталирано, воопшто не е проблематично, се навикнуваш по некое време
.
Ова како што реков беше предлог кој јас искрено го почитувам и го применувам на еден куп форуми каде што сум член...И доколку во моментот не успеам да најдам некое решение, едноставно пишувам дека во моментот немам решение на проблемот, и кога ке имам време, ако успеам да го решам, ОК, во спротивно пишувам се откажувам итн...
Но тоа зависи пред се од човекот...Се случува и јас да заборавам нешто застарено, но секако ако некој види или било што може слободно да ме подсети или да праша, па нормално темата ке добие онаква завршница како што и доликува...
Тоа е тоа...
Е ова е ОК, одлично, ама не секој постапува вака :S.