Тоа не е ништо ново.И јас лично повеке пати сум интервенирал и лично и јавно сум ги прозивал таквите членови.Добивам многу пп со барање * прати ми..испрати ми....* .И кога ке им испратам некоја шема,скрипта книга... веке не се јавуваат.Не само да речат едно * благодарам* или барем да кажат - успеав,направив ,го средив,не успеав,не го поправив... Највеке сум лут кога некој ке напише само * го средив..*Ниту дали советот му помогнал,ниту на кој начин го средил,што се случило... Тоа не е начин на комуникација.И друго - кога ке поставам некој туторијал или ке ставам некој проблем решен од искуство,се јавуваат коментатори од типот * ова ти е грешка,не треба така* ,а од друга страна никој не седнува па да направи нешто по негово,ама само критикува без да ги видиме неговите искуства и решенија.Или ке каже*теоретски тоа е вака и вака*,а во пракса што не излегува тоа така - никому ништо! И уште ти вели * батали пракса-гледај теорија!* Е,па тоа ти е.На еден блог сабајлинава напишав една статија за наставниците по ОТП.Најдобронамерно,ама не знам дали ке биде воопшто објавена бидејки задира премногу во техничката и друга култура.