Author Topic: Замени и еквиваленти на електронски компоненти  (Read 27113 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11634
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Благодарам Toma ;). Сега барем знам како да ги барам ;).

Да, неквалитетни се пошто се од пластика и од самото греење на контактите внатре истиот се топи, друга приказна е тоа што викаш бакелит што ги имаше во exYU калориферите. :)

Е да, така е :-\. За жал, тие времиња веќе не се враќаат :-\.

Претпоставувам дека ти се за оние калориферчиња китајски што ги има во разни јајцевидни форми и слично.
2Kw се истите.

Да ;)... само што овој има форма на глава на вонземјанин... бидејќи е кружен има две „антени“ на главата ;D (термостатот и преклопникот).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 412
  • Gender: Male
Re: Замени и еквиваленти на електронски компоненти
« Reply #301 on 01.03.2019, Friday, 23:53:28 (Edited 02.03.2019, Saturday, 00:22:44) »
Вакви имам 3, едниот нешто откажа моторчето и не врти перката а другите 2 работат ден денес но преклопникот и на двата почна да откажува, ги отварав преклопниците да ги дотерам но тоа е само за краток период, кога ќе почне да се топи пластиката му нема спас.

Едниот ми е со ваков распоред на термостатот и преклопникот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11634
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Најдов уште неколку други, различни од тој од линкот на Toma, ама не ми е јасно како се стегаат жиците за половите во преклопникот ???.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/362324228330

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/282216971062

Овој на долниов линк ми е јасно како се врзува, а и поквалитетна изгледа изведбата во однос на другите (личи на некој вид на бакелит... барем вака на прв поглед ???), така да, најверојатно од овие ќе нарачувам. Освен тоа, осовината им е метална. Тоа беше главниот проблем кај претходниот. Многу бил тврд на ротирање и на крајот, осовинчето не издржало :-\.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/292665484494

Можам да го преправам и да го направам со димер, ама не е за мене, така да, не планирам да се замарам до толку :P :D.

Оф леле, сега видов што е недостатокот кај овој ::). Гол е од долната страна кутриот ::) :D.

Кинеска работа, мора нешто да не е како што треба ::). Ќе се наполни со прашина :-\. Ај тоа, него и контактиве ги гледам... тоа ротирачкиот контактор као демек е бакар... го знам тој Кинески бакар, тоа е се освен бакар ::). А и контактиве со нитни се стегнати, ако загреат, ќе го стопат тоа чудото на што се намонтирани... што и да е ::). А освен тоа, сега забележав дека не преспојува контакт по контакт, само ротира низ контактите ::).

Е овој изгледа некако по, така... робустно, ама има пластична осовинка ::).

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/254104763926

Значи таман ќе видиш нешто и ќе си речеш „е, ова е тоа“ и кога ќе видиш... не, бе Кинезиве мора некаде да зезнат работа ::).

Ништо, тие од првите две слики остануваат како опција, другиве изгледа само ротираат низ контактите :-\.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 412
  • Gender: Male
Quote
ама не ми е јасно како се стегаат жиците за половите во преклопникот
Само ја буткаш жицата внатре и толку, нема затегање.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11634
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Само ја буткаш жицата внатре и толку, нема затегање.

Ајдееее... како оние новине О-Г (Г-О, како и да се викаат :P :D) штекери што ги продаваат ::). Ми викаат „само ја ставаш жицата и толку“ ???. Му викам „абе друже, ова треба да издржи машина за перење, не може туку така само, бутни и терај :o“, ми вика „немај гајле, ќе издржи“... си викам, ајде... ќе пробам :-\... шипки, по 15 минути откако почнаа да греат греачите, едвај можев да го држам шетер ::). Ајдеее, ти дечко одиш во ѓубре, а дај јас да побарам по кутиине што имам од оние старине Југословенскине 8).

Жена ми ми вика „ама овој е црн, не личи на плочките“ ;D. И викам „сакаш да е бел и да изгориме или да е црн и да спиеме мирно?“... ми вика „аааа... епа добро“ 8) ;D.

А за калориферите, да, такви се сите тие новите Кинески, под кој измислен бренд и да се продаваат. Се разликуваат само по локација на преклопник и термостат :D.

Ама овој не е таков. Исто Кинески е, ама нема греачи од кантал, алуминиумски има ;). Изведбата му е поквалитетна. Исто како и овие петпарачниве Кинески, вертикален е (не му е хоризонтална перката), но постар е како модел, се гледа дека е земен пред 10-тина години. Не е како Југословенските (фрли го од 12-ти, пушти го, работи :D), ама се гледа дека е доста подобар од овие кои сега ги продаваат. Е сега, преклопникот :-\... како што реков, некаде мора да утнат Кинезиве ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 412
  • Gender: Male
Да бе, не само штекери, ги има и кај прекидачите за светло што се за во дозна. Еднаш ставање и нема вадење. :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11634
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Абе се ќе измислат само да не мора шрафцигер да фатиш ;D.