Author Topic: Замени и еквиваленти на електронски компоненти  (Read 82645 times)

Offline jovce.

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
  • Gender: Male
Giga благодарност до тебе за информацијата, барав по неколку стари напојувања но ништо не најдов, здравје утре ако се работи ќе купам па ќе пишам што сум направил :)
MB: GA-990XA-UD3, CPU: AMD Phenom II x4 955 BE @ 4.20GHz, RAM:8GB 4x2GB DDR3 1333MHz PATRIOT, HDD:250GB (ExcelStore), GPU:Sapphire HD 3870 512mb GDDR4, PSU:Cooler Master 700W RP

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Замени и еквиваленти на електронски компоненти
« Reply #241 on 06.07.2014, Sunday, 17:20:40 (Edited 06.07.2014, Sunday, 17:28:27) »
Шотки диодата можеш да ја најдеш по стари напојувања, во секундарната секција е, а MOSFET од матична плоча треба да извадиш. Шотки диодата ја ставаш само ако во datasheet-от од MOSFET-от кој ќе го извадиш во шемата нема и заштитна дампер диода. 60N06 има таква заштитна диода. Еве screenshot од datasheet-от на 60N06 ;).

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Z32AL

  • Нов член
  • *
  • Posts: 45
Скоро секој МОСФЕТ има инхеритна диода од сорс кон дрејн. Ова се должи на фактот што при изработка на мосфетот, најчесто се коисти полупроводник од P-тип, кој што формира паразитивен PN-спој со дрејнот, и така се формира оваа диода :-)

95% од случаите ќе постои истата.

Offline jovce.

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
  • Gender: Male
Мосфет транзистор имам ама немам некој професионален леткум па да го извадам од матичната така да ќе купам, а во врска со овие шотки диоди се мисли на насочувачки т.е. зенер ?
MB: GA-990XA-UD3, CPU: AMD Phenom II x4 955 BE @ 4.20GHz, RAM:8GB 4x2GB DDR3 1333MHz PATRIOT, HDD:250GB (ExcelStore), GPU:Sapphire HD 3870 512mb GDDR4, PSU:Cooler Master 700W RP

Maxwell

  • Guest
Мосфет транзистор имам ама немам некој професионален леткум па да го извадам од матичната така да ќе купам, а во врска со овие шотки диоди се мисли на насочувачки т.е. зенер ?

Не, шотки диодите се слични како стандардните силициумски диоди, разликата е што шотки диодите имаат помал пад на напон (0,15 - 0,45 волти), и поголема switching брзина, затоа ги викаат брзи диоди.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Замени и еквиваленти на електронски компоненти
« Reply #245 on 07.07.2014, Monday, 02:44:36 (Edited 07.07.2014, Monday, 02:58:50) »
Скоро секој МОСФЕТ има инхеритна диода од сорс кон дрејн. Ова се должи на фактот што при изработка на мосфетот, најчесто се коисти полупроводник од P-тип, кој што формира паразитивен PN-спој со дрејнот, и така се формира оваа диода :-)

95% од случаите ќе постои истата.

Јас колку што знам, паразитниот спој не може да биде дампер диода, да ги издржи оние напони и јачини на струи кои може дампер диода да ги издржи.

Во секој случај, дури и да може, ако во еквивалентната шема во datasheet-от ја нема, јас би ја поставил... кој како сака ;).

Мосфет транзистор имам ама немам некој професионален леткум па да го извадам од матичната така да ќе купам, а во врска со овие шотки диоди се мисли на насочувачки т.е. зенер ?

Не, шотки диодите се слични како стандардните силициумски диоди, разликата е што шотки диодите имаат помал пад на напон (0,15 - 0,45 волти), и поголема switching брзина, затоа ги викаат брзи диоди.

Токму така ;). Еве и каде се наоѓаат во компјутерски SMPS-и ;).

Во компјутерски напојувања се најчесто двојни, со заеднички извод, ама нема везе, може да искористиш само една од нив ;).

EDIT: @jovce.: Инаку, зенер диодите не се насочувачки диоди. Тоа се две сосема различни типови на диоди. Зенер диодите може (условно кажано) да се користат и како насочувачки диоди, ама со определени ограничувања... накратко, ова не е нивна примарна намена и, во принцип, не се препорачува да работат во овој режим (нормална поларизација). Зенер диодите се пред се наменети да работат при инверзна поларизација.

EDIT 2: @jovce.: Инаку, околу вадењето на MOSFET од матична плоча... при недостаток на соодветен алат, може да се искористи обичен фен (за сушење на коса) во комбинација со леткум ;). Фенот го поставуваш на кратко растојание од плочата, ја грееш плочата на местото каде што е MOSFET-от, држиш така некое време... колку... не можам да ти кажам, зависи од фен до фен... треба малку пракса за ова ;D. Како и да е, откако ќе „осетиш“ дека плочата е доволно жешка (ова не значи дека треба да ја допреш... се доближуваш со прстите од раката на кратко растојание по местото кое го загреваш), почнуваш да работиш паралелно и со леткумот ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline jovce.

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
  • Gender: Male
Одг: Замени и еквиваленти на електронски компоненти
« Reply #246 on 07.07.2014, Monday, 22:32:32 (Edited 08.07.2014, Tuesday, 01:07:55) »
Пред се уште еднаш голема благодарност за несебичното објаснувње до тебе GigaWatt, исто и Maxwell и Z32AL.

Јас направив грешка, цело време сум мислел на шотки диода но сум ја помешав со зенер диодата.
Оваа диода т.е. шотки ја викав цело време зенер

наместо оваа

Додуша и нонстоп грешев во врска со ова, се сеќавам имав предавање за шотки диодиве, но нашколо мислам ги изговаравне поинаку и затоа се бунам. Цело време шотки диодата ја мислев зенер поточно насочувачка диода, а оваа зенер диодата не ни ми текнува како ја викав :/

Инаку бидејќи во мојот град не знам ни дали има делови, ни дали се продаваат по регуларна цена другарче ми купи од Охрид ваков мосфет но ме чинеше 83ден хехе, сега да видам дали ќе работи, со оглед на тоа што ставив и отпорник од неколку kOhm бидејќи тој што го заменував беше пепел, само металот на него остана :/

П.С: Би сакал кај некого да отидам на пракса и тоа доброволно, но палено време.. што повеќе старееш толку помалку го имаш.
MB: GA-990XA-UD3, CPU: AMD Phenom II x4 955 BE @ 4.20GHz, RAM:8GB 4x2GB DDR3 1333MHz PATRIOT, HDD:250GB (ExcelStore), GPU:Sapphire HD 3870 512mb GDDR4, PSU:Cooler Master 700W RP

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Замени и еквиваленти на електронски компоненти
« Reply #247 on 08.07.2014, Tuesday, 01:11:41 (Edited 08.07.2014, Tuesday, 01:13:12) »
Се е добро, уште да не го цитираше цел post и да ги стави сликите во image tag-ови, супер ќе беше ;D. Ама, ајде, нема везе, културно се заблагодари, така да, ќе ти простиме ;) ;D. Само, припази друг пат ;).

Пробај, види, ако работи, ОК, ако не, кажи да бараме друго чаре ;).

Околу праксата... не треба само пракса, треба и теорија ;) ;D. Прво теорија, па потоа пракса ;). А пракса, може и дома сам да си тераш ;). 80% од работите кои сум ги научил, сам сум ги научил и пробал, ретко кој ми покажал нешто ;). Кога сам ќе си го соџвакаш материјалот и кога сам ќе се изгориш (згрешиш), да видиш како ти останува во глава ;D. И да не сакаш ќе го запомниш ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline jovce.

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
  • Gender: Male
Одг: Замени и еквиваленти на електронски компоненти
« Reply #248 on 08.07.2014, Tuesday, 01:28:04 (Edited 08.07.2014, Tuesday, 01:30:19) »
.....

Малце офф топик одиме но кога сме веќе на муабетов..

Во врска со сликите сакав да поставам хајперлинк, пр: (зенер диода која ќе те одведе до сликата, но овдека некако поинаку ми функционира за разлика од другите форуми на кој сум и сликите сакам да ги поставам баш во такви тагови за да не се чека лоадирање на страната и да не е многу гломазно, поради тоа, бидејќи по другиве форуми некако смета поради големината на сликата па навика ми е да ги поставувам така.

Инаку во врска со теоријата, во право си, но... јас како што кажував порано, мојот смер не беше баш за електроника него програмирање, а јас се заинтересирав за електрониката и сето тоа што го научив го научив за време на практичната настава на која ни час не отсутвував (за разлика од другите кој едвај чекаа да заврши среда и немаа скоро ич заинтересираност), сум направил неколку проекти на моја сметка од ќејф и тоа е тоа, затоа повеќе ми одговара праксата и кога ќе има некој да ми покажи во живо ;)

Да не одиме повеќе офф топик, ќе пишам што сум сторил утре, ваљда ќе си дојди другарчево од одмор :D
MB: GA-990XA-UD3, CPU: AMD Phenom II x4 955 BE @ 4.20GHz, RAM:8GB 4x2GB DDR3 1333MHz PATRIOT, HDD:250GB (ExcelStore), GPU:Sapphire HD 3870 512mb GDDR4, PSU:Cooler Master 700W RP

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Замени и еквиваленти на електронски компоненти
« Reply #249 on 08.07.2014, Tuesday, 01:35:37 (Edited 08.07.2014, Tuesday, 01:39:02) »
Околу сликите, има причина зошто инсистираме на кодирање линкови и на image tag-ови ;). Поставувај си ги сликите со image tag, не само copy/paste на линкот ;). Во денешно време, ретко кој нема broadband конекција, искрено, не знам некој кој сеуште е на dial-up... а не знам ни дали поддржуваат таков тип на врска сеуште Телеком, хахаха ;D ;D ;D. Така да, не се секирај, не е проблем брзината на load-ање на сликите ;).

Пиши што си направил ;).

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
 
Quote from: jovce
....Малце офф топик одиме но кога сме веќе на муабетов..
Во врска со сликите сакав да поставам хајперлинк, пр: (зенер диода која ќе те одведе до сликата...
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline jovce.

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
  • Gender: Male
Ништо не бидна од ова, го заменив ама немаше трепкање, пред тоа колку да пробам поставив TO220 NPN транзистор и само имаше светење, сега одкако го заменив нема воопшто ништо, изгледа е рикнат и 8-пинскиот интегралец по име FM4221 D1A1J0R, на друго не мислам бидејќи се само транзисторот, интегралецот, 3-4 кондензатори, зенер диода, шотка и отпорници. Па како што се рекло: сиромавиот плаќа двапати. Посекако направив пратка од 3000+денари па го порачав и автоматчето.. ум за друг пат.. но сепак доколку има некоја замена на тој интегралец да се извади од нешто ако знае некој нека каже, баш ме интересира дали ќе ја биди работава :D

Тома сепак е поразлично од другите форуми и затоа се бунам, ќе се обидам нареден пат подобро, веќе се обидувам но секогаш правам по некоја грешка.
MB: GA-990XA-UD3, CPU: AMD Phenom II x4 955 BE @ 4.20GHz, RAM:8GB 4x2GB DDR3 1333MHz PATRIOT, HDD:250GB (ExcelStore), GPU:Sapphire HD 3870 512mb GDDR4, PSU:Cooler Master 700W RP

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Стави LED диода со отпорниче (470Ohm-и или некоја слична вредност) на излезот од интегрираното коло кој е одговорен за тригерување на MOSFET-от. Ако трепка диодата, интегрираното коло е исправно ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline jovce.

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
  • Gender: Male
Јас малку касно враќам пошто го правев ремонт моторчето дома и не ми остана време, а и уште има работа за досредување... Дали можи да го испитам колото со инструмент наместо со диода, да не си играм склопи расклопи на секое ?

ОФФ: Има некој што се разбира во механика тука? Да прашам нешто за моторчето бидејќи ме зеза, овие на „форумот за мотори“ ништо не ми вратија т.е. не ни функционира тој форум воопшто како форум..
MB: GA-990XA-UD3, CPU: AMD Phenom II x4 955 BE @ 4.20GHz, RAM:8GB 4x2GB DDR3 1333MHz PATRIOT, HDD:250GB (ExcelStore), GPU:Sapphire HD 3870 512mb GDDR4, PSU:Cooler Master 700W RP

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Јас малку касно враќам пошто го правев ремонт моторчето дома и не ми остана време, а и уште има работа за досредување... Дали можи да го испитам колото со инструмент наместо со диода, да не си играм склопи расклопи на секое ?

Нема склопи расклопи, само провери дали работи. Ако работи, значи дека треба само адекватен MOSFET да најдеш.

ОФФ: Има некој што се разбира во механика тука? Да прашам нешто за моторчето бидејќи ме зеза, овие на „форумот за мотори“ ништо не ми вратија т.е. не ни функционира тој форум воопшто како форум..

Не, форумов е за електроника. Ако е нешто поврзано со електрониката на моторчето, може, ама секое друго прашање е надвор од доменот кој го покрива форумот.