Скоро секој МОСФЕТ има инхеритна диода од сорс кон дрејн. Ова се должи на фактот што при изработка на мосфетот, најчесто се коисти полупроводник од P-тип, кој што формира паразитивен PN-спој со дрејнот, и така се формира оваа диода :-)
95% од случаите ќе постои истата.
Јас колку што знам, паразитниот спој не може да биде дампер диода, да ги издржи оние напони и јачини на струи кои може дампер диода да ги издржи.
Во секој случај, дури и да може, ако во еквивалентната шема во datasheet-от ја нема, јас би ја поставил... кој како сака
.
Мосфет транзистор имам ама немам некој професионален леткум па да го извадам од матичната така да ќе купам, а во врска со овие шотки диоди се мисли на насочувачки т.е. зенер ?
Не, шотки диодите се слични како стандардните силициумски диоди, разликата е што шотки диодите имаат помал пад на напон (0,15 - 0,45 волти), и поголема switching брзина, затоа ги викаат брзи диоди.
Токму така
. Еве и каде се наоѓаат во компјутерски SMPS-и
.
Во компјутерски напојувања се најчесто двојни, со заеднички извод, ама нема везе, може да искористиш само една од нив
.
EDIT: @jovce.: Инаку, зенер диодите не се насочувачки диоди. Тоа се две сосема различни типови на диоди. Зенер диодите може (условно кажано) да се користат и како насочувачки диоди, ама со определени ограничувања... накратко, ова не е нивна примарна намена и, во принцип, не се препорачува да работат во овој режим (нормална поларизација). Зенер диодите се пред се наменети да работат при инверзна поларизација.
EDIT 2: @jovce.: Инаку, околу вадењето на MOSFET од матична плоча... при недостаток на соодветен алат, може да се искористи обичен фен (за сушење на коса) во комбинација со леткум
. Фенот го поставуваш на кратко растојание од плочата, ја грееш плочата на местото каде што е MOSFET-от, држиш така некое време... колку... не можам да ти кажам, зависи од фен до фен... треба малку пракса за ова
. Како и да е, откако ќе „осетиш“ дека плочата е доволно жешка (ова не значи дека треба да ја допреш... се доближуваш со прстите од раката на кратко растојание по местото кое го загреваш), почнуваш да работиш паралелно и со леткумот
.