Се извинувам но сакам да ве прашам нешто зошто овие тримери немаат 3 извод .Може ми е глупо прашањето но незнам знам дека порано имаа 3 изводи.И дали се продаваат негде уште како од старите тримери со 3 пина.Тие се поубави и подобри.Барем јас така мислам.Ако некој знае нека ми одговори.Баш ме интересира.Благодарам
Кај тример кондензаторите нема потреба од трет извод... освен можеби за стабилност на самиот потенициометар, но реално, нема потреба. Дури и кај постарите тример кондензатори што ги спомна, најчесто два од трите изводи се краткоспоени или евентуално, еден од нив „виси“, што значи дека всушност имаат два изводи.
Нема потреба од трет извод бидејќи тример кондензаторите не може да имаат двојна намена како тример потенциометрите и општо, потеницометрите. Потенциометрите и тример потенциометрите може да се подесат да „работат во два режими“, како напонски делители и како реостати (средниот извод е краткоспоен со некој од краевите на потенциометарот). Тример кондензаторите не може да бидат напонски делители, па затоа, нема потреба од трет извод, освен, како што претходно наведов, стабилност на самата компонента. Додавање на додатни „лебдечки“ пинови може да се најде и кај некои постари електролитски кондензатори, но додадени се само поради стабилност на самата компонента, за подобро да се држи за плочката за која е залемена, друга функција немаат. Да не бидам сватен погрешно, дел од постарите електролитски кондензатори се изведуваа и во изведби „3 или 4 во еден“, каде што има еден заеднички пин, најчесто куќиштето на кондензаторот, а сите останати пинови се позитивните изводи од електролитските кондензатори, кои најчесто се врзуваа во паралела (сите заедно).
Значи, теоретски гледано, тример кондензаторите со два и со три изводи се исти. Практично, постабилно се држат за плочката оние со три изводи. А дали се подобри старите од новите... сигурен сум дека се, но, за жал, освен ако не извадите некој стар тример кондензатор од стар апарат, најверојатно нема да најдете во малопродажба :S. Веќе се е произведено во Кина, а знаеме какви се Кинезите... штедат на се, па и на изводи :S.